Осаменоста на простите броеви (италијански: La Solitudine dei Numeri Primi) е роман на италијанскиот писател Паоло Џордано, за првпат објавен во 2008 година.

Содржина Романот претставува медитација за осаменоста, за љубовта и за човечноста. Главни ликови се Аличе и Матија, двајца млади луѓе чиј живот поминува во знакот на осаменоста.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 3.

Осврт кон романот Наскоро по објавувањето, романот станал најпродаваната книга за таа година во Италија, а подоцна бил преведен на над триесет јазици. Уште во првата година по објавувањето, тој бил продаден во повеќе од еден милион примероци. Исто така, тој е еден од најнаградуваните италијански романи во првата деценија на 21 век, а ги освоил и двете елитни италијански награди: „Стрега“ (Premio Strega) и „Кампјело“ (Premio Campiello Opera Prima). „Њујорк тајмс“ го опишал романот како „хипнотизирачки портрет на маж и жена“ и како „исклучителна интерпретација на она што би можело да се нарече емоции на субатомско ниво“.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 3.

Наводи

Категорија:Италијански романи Категорија:Дела на Паоло Џордани Категорија:Книги од 2008 година Категорија:Изданија на Магор