Стефан Влахов Мицов — македонски универзитетски професор и писател од Бугарија.http://svobodenpisatel.org/member.php?id=45 Биографија на Стефан Влахов Мицов на мрежното место на Сојузот на слободните писатели на Бугарија Роден е на година во Габрово, Бугарија. Тој вели дека неговата мајка е од македонско, a мајката на неговиот татко е од куманско потекло.http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1091&ArticleID=71118 Моите професори - еднооки во царството на слепите Семејното воспитување, но и фактот дека е од мешан брак го натерало да посака да ги осознае деталите во врска со својот идентитет и затоа себеси се смета за особено чувствителен по прашањето на националните малцинства на Балканот.http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1077&ArticleID=70510 Бугарскиот шовинизам се граничи со патологија

Образование Во родното место учи математичка гимназија, а на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ специјализира историја (со потесна специјалност балканистика), филозофија и реторика, кои ги завршува со одличен успех.

Во текот на стдиите вели дека и покрај ласкавите признанија кои ги добивал (бил заменик-претседател на Клубот за техничко и научно творештво во факултетот, претседател на научниот кружок по историја на Бугарија, во кој учествувал и сегашниот претседател Георги Прванов) историјата започнувла да го ограничува поради догматизмот и манипулативноста на поднесената фактологија. Смета дека, многу често, токму уметничката литература и писателите даваат поверна слика на минатото. Со оглед на, како што самиот вели, „скудоумната атмосфера во Историскиот факултет“ решил да го продолжи школувањето по поединечна програма. Неговиот професор Николај Генчев (декан на Историскиот факултет во периодот 1976 - 1981), знаел да каже „Ти си безобразно информиран“. Бугарска интерпретација на историјата која ја изучувал во текот на студиите ја смета за „сува статика потчинета на класно – партиски и националистички, односно идеолошки постулати“.

Во 1981 година, како докторант по социологија на политиката, ја одбира темата „Врските и претставувањата на Бугарите во светот (до Преродбата)”. Проширувањето на сознанија во теткот на изработката на докторатот го доведува во судир со политиката на средината во која живее.http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1099&ArticleID=71434 Да ја бараш вистината за бугарската историја беше како да најдеш игла во куп сено

Од 1984 година е предавач на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет. Доктор е на филозофските науки.

Во 1988 година оди на специјализација во тогашен Ленинград.

Последната деценија на минатиот век Во последната деценија на минатиот век се обидува, како што самиот вели, да ја исполни со соджина некогашната квалификација „безобразно информиран“. Затоа во тој период ги пишува трудовите „Кој го уби Христо Ботев” и „Парадокси на социјално-политичкиот живот кај Бугарите”.http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1105&ArticleID=71691 Колегата Влахов е поголем Македонец од нас!

Во есента 1998 година поканет е да учествува со свое предавање на 50-годишниот јубилеј на Институтот за национална историја во Скопје. Поканата ја прима со задоволство. Планираното предавање е на тема Прблемите на балканската историографија и политиката спрема Македонија. Неговото патување до Скопје не поминува без проблеми. На бугарската граница кај Ѓушево бил задржан на испитување околу два часа од 4-5 цивилни лица. На негово инсистирање, настанот во Македонија поминал без да бидат информирани медиумите со оглед на тоа што тоа било период помеѓу два крува во парламентарните избори кои се одржуваа таа есен.

Публикации мини|десно Има објавено книги во различни области: литературна критика, филозофија на историјата, социјална психологија, политикологија. Неговите дела се објавувани на македонски, германски, руски, полски, фински, турски, арапски и италијански јазик.

Има над 1200 објавени статии во печатени и електронски медиуми, а има објавено и девет книги.

Во Македонија објавени се неговите книги: Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет и Неомеѓени мисли Книгата Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет не е објавена во Бугарија. Тој смета дека „Може да се најде начин да се објави, ама ќе има проблеми. Всушност, проблеми е мек збор. Таа ќе биде буквално уништена.“

Во 2006 година има учествувано на Меѓународиот семинар за македонски јазик, литература и култура со научен труд на тема Историски интерпретации и манипулации врз творештвото на ВапцаровСтефан Влахов Мицов, Историски интерпретации и манипулации врз творештвото на Вапцаров, XXXII научна конференција на XXXVIII меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, 2006.

Во публикацијата на МАНУ издадена по повод стогодишнината од Илинденското востание тој има свој труд под наслов Илинденската епопеja и филозофскиoт клуч за македонскиот идентитет.Стефан Влахов-Мицов, Илинденската епопея и филозофският ключ за македонската идентичност, (во публикацијата 100 години Илинден, МАНУ, Скопје, 2005)

Активности Од 1990 до 1998 година е заменик-претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија,http://svobodenpisatel.org/index.php Сојузот на слободните писатели на Бугарија До 2007 година бил директор на Македонскиот културен центар во Софија Од 1998 година е негов претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија. Секретар е на Друштвото за бугарско-македонско пријателство. Од 2007 година држи редовни предавања на универзитетот ФОН за животот и делото на Крсте Петков Мисирков. Во 2007 година прогласен е за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Дел од објавените книги Кој го уби Христо Ботев? Кой уби Христо Ботев?, Нов ден, София, 1994 Неомеѓени мисли,Стефан Влахов-Мицов, Неомеѓени мисли,Современост, Скопје, 2006 Филозофскиот клуч за македонскиот идентитетВлахов-Мицов, Стефан, Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет, Матица македонска, Скопје, 2007 Дваесеттиот век претстои, Илузиите на човечкиот род, Отфрлени страници - Без цензураСтефан Влахов Мицов, ОтхвЪрлени страници - Без цензура, Пропелер, София, 2001

Останато Неговото име е содржано во следниве публикации: Кој е кој во бугарската култура, Кој е кој во Бугарија, Кој е кој на Балканот. Исто така, тој е вклучен во монографијата за водечки личности во 2000 година која ја објавува Американскиот биографски институтОригинален назив: American Biographical Institute и во монографијата 2000 исклучителни личности за 2000 година која ја објавува Меѓународниот биографски центарОригинален назив: International Biographical Centre од Кембриџ, Велика Британија.

Литература

Надворешни врски Стефан Влахов - Мицов открива нов фалсификат на бугарски историчари Предавање на Влахов Мицов за Илинденскиот период Стефан Влахов - Мицов, Македонското име е морално заштитено Стефан Влахов - Мицов, Бугарија не е еманципирана да го разреши македонското прашање Стефан Влахов - Мицов, Патологијата е погубна работа Стефан Влахов - Мицов: Бугарскиот шовинизам се граничи со патологија Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 1 Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 2 Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 3 Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 4 Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 5 Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 6 Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет - 7

__ИНДЕКС__

Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски историчари Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Луѓе од Габрово (Бугарија) Категорија:Родени во 1956 година Категорија:Македонски автори