Јехуда Амихај (3 мај 1924 – 22 септември 2000) беше израелски поет. Многумина, и во Израел и во светот, го сметаат Амихај за највеличествениот израелски модерен поет.Yehuda Amichai criticism Исто така, тој е меѓу првите што пишувале на разговорен хебрејски.

Амихај е добитник на многу награди, меѓу кои и на Златен венец на Струшките вечери на поезијата во 1995.

Творештво Поезијата на Амихај обработува настани од секојдневниот живот и филозофски полемики за значењето на животот и смртта. Карактеристични за неговата поезија се благата иронија и оригиналната сликовитост. Како и повеќето секуларни израелски поети, тој се „бори“ со верата во религијата. Во неговите поеми можат да се најдат наводи кон Бог и религиското искуство.Does David still play before you?: Israeli poetry and the Bible, David C. Jacobson Беше опишан како поет-филозоф во потрага по пост-теолошки хуманизам.Chana Kronfeld, The Wisdom of Camouflage" Prooftext 10' 1990 pp469- За Амихај се вели дека имал „ретка способност да ја претвори личната, дури и приватна, љубовна ситуација, со сите нејзини радости и таги, во сечие искуство“.Poetry Foundation: Yehuda Amichai

Некои ги сметаат неговите метафори за богохулни.Sacrilegious Imagery in Yehuda Amichai's Poetry, Yoseph Milman, 1995, Association for Jewish Studies Во неговата поема „И ова е твојата слава“ (Vehi Tehilatekha), на пример, Бог се наоѓа под Земјината топка како механичар под кола и залудно се обидува да ја поправи. Во поемата „Боговите се менуваат, молитвите остануваат исти“ (Elim Mithalfim, ha-Tfillot Nisharot la-Ad), Бог е прикажан како туристички водич или магионичар.

Значење и влијание Поезијата на Аминај е тема на краткиот расказ „Отсутна рима“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 458.

Белешки

Категорија:Израелски поети Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Луѓе од Вирцбург Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Починати во 2000 година Категорија:Починати во Ерусалим Категорија:Родени во 1924 година