Оштетување на слух или глувост е состојба во која поединци делумно или целосно не се во можност да ги примаат ни препознаат честотите на звукот кој вообичаено може да го слушнат други поединки од истиот вид. Употребата на терминот оштетен алудира дека глувоста е недостаток кај животните, поглед кој не е прифатен кај припадницеите на Глувата култура, каде се претпочитаат термините Глув и наглув.

Јачина на звук, честота и дискриминација поради недостатоци Слуховната осетливост се мери со најтивкиот звук кој една личност може да го слушне, наречен праг на слушање.Овој праг на слушање кај луѓето и животните се мери со аудиограм. Има база на записи од најтивките звукови кои поттикнуваат реакција кај слушачот. Тестот е направен за звукови од различни честоти. Исто така има и електро-психолошки тестови за кои не е потребен реакциски одговор.

Прагот на нормално слушање кај различни видови на животни е различен. Ако се пуштат различни звуковни честоти во иста амплитуда, некои ќе бидат примени како гласни, а други како тивки или дури и целосно неслушливи. Нормално, ако опсегот се зголемува, звукот послено се прима. Вообичаено, кога животните го користат звукот како средство за комуникација, слухот кај тие животни е најразвиен за ваков вид на звукови, или во случај кај човекот тоа е говорот. Ваков вид на слушање постои на неколку нивоа во системот за слух, од физички карактерисктики на увото до нервите и пределот кој ги носи нервните импулси од органот за слух до мозокот.

Оштетување на слухот има кога еден поединец не е во можност да го слушне она што другите единки од ист вид го слушаат. Кај луѓето, оштетување на слухот се користи кога истите имаат потешкотии во примање на говорните честоти. До кој степен е оштетен слухот се одредува по тоа колку треба да се појача звукот од нормалниот за личноста да може да го слушне. Во случаи на потполна глувост дури и најгласните звуци кои се произведуваат од инструментот со кој се мери слухот –аудиометарот, не се примаат. Има уште еден гледиште во врска со слушањето, тој го вклучува квалитетот на звук а не јачината. Кај луѓето, ова обично се прави со проверка на распознавање на говорот. Всушност, со оваа проверка се бара, не само примањето туку и разбирање на звукот.

Поделба Оштетувањето на слухот се определува според видот (кондуктивно и сензоневрално или двете), според големината на оштетеност и почетоците на оштетување. Понатаму, оштетување на слухот може да има само на едното уво( унилатерално) и на двете(билатерално). Кондуктивно и сензоневрално оштетување на слухот Кондуктивно оштетување на слухот е оштетување кое произлегува од нефункционирање на кој било механизам кои нормално ги спровеуваат звуковните бранови преку надворешното уво,ушното тапанче или коските на средното уво.

Сензоневрално оштетување на слухот е нефункционирање на внатрешното уво, особено на кохлеата каде звуковните бранови се претвораат во нервни сигнали, или во кој било дел од мозокот кој последователно ги преработува овие сигнали. Најголем дел од сензоневралната загуба на слух се поврзува со неправилности во влакнестите клетки во органот корти во кохлеата. Вакво оштетувања може да бидат присутни од раѓање како резултат на генетски или развојни неправилности, или произлегуваат од трауми или зарази за време на животот на поединецот. Но, исто така има многу несекојдневни сензоневрални оштетувања на слухот кои го вклучуваат VIII мозочен нерв, вестибуло-кохлеарен нерв, или во ретки случаи, ушната обвивка.

Оштетување на делови од мозокот кои го произведуваат звучните сигнали води до ситуација кога јачината на звукот е нормална но квалитетот на примениот звук е лош па говорот не може да се разбере.

Сензоневралното губење на слухот порврзан со неправилности на системот за слушање во мозокот се вика Централно оштетување на слухот. Мерење на оштетеност на слухот

Висината на оштетувањето на слухот се определува според јачината (мерена во децибели (dB)). Оштетувањата може да се поделат на благо, умерено, тешко и целосно или глувост : благо : кај возрасни: помеѓу 25 и 40 dB кај деца: помеѓу 20 и 40 dB умерено: помеѓу 41 и 55 dB умерено накај тешко: помеѓу 56 и 70 dB тешко: помеѓу 71 и 90 dB целосно или глувост: 90 dB и повеќе Осетливоста на звук варира во зависност од честотата на звукот. За да се земе ова предвид, осетливоста на звук се мери за определени честоти и поврзани со аудиограм.

За одредени правни цели како осигурителни тврдења, оштетувањата на слухот се опишани во вид на проценти. Ако се знае дека оштетувањето на слухот може да варира во однос на честотата и дека аудиограмите се сврзани со координатен систем, идејата за процентуалност на губење на слухот е произволна, но таму каде децибелите на оштетување се пресметани според позната правна формула, може да се пресмета стандардизиран’’процент на оштетување на слухот’’ кој е прифатлив само за правни цели.

Друг метод за мерење на оштетеност на слухот е (Тестот за слушање во галама- HINT). HINT технологијата беше развиена од стана на институт за ушни болести, и има за цел да ја мери способноста за разбирање на говор во тивки и гласни простории. За разлика од основните тонски тестови, каде се тестира едно по едно уво, HINT го прави тоа истовремено на двете ува, затоа што ваквото слушање е потребно за комуникација во гласни простории и за примање на звукот. Почетоци Возраста на која започнало оштетувањето на слухот е од особена важност за спознавање со говорниот јазик. Предговорна глувост Предговорната глувост е оштетување на слухот утврдено уште пред спознавање на говорот, и може да биде глувост од раѓање или оштетување на слух во млади години. Предговорната глувост ја спречува можноста на личноста за говорен јазик, но деца родени во пеjачки фамилии ретко имаат попречувања во развојот на говор.Повеќето од случаите на предговорна глувост се поради болести или трауми отколку генетски наследени, па така семејства каде има глуви деца скоро никогаш немаат претходно искуство со знаковниот јазик. Постговорна глувост Постговорната глувост Post-lingual deafness е оштетување на слухот кој настанува по спознавање на говорот и може да биде последица на болести, траума, или како несакан ефект од некој лек. Обично, губењето на слухот е постепено и најчесто приметено од семејството и пријателите на дотичната личност пред самиот тој да го примети недостатокот. Најчестите третмани вклучуваат помошни апаратчиња и учење да се чита од уста. Постговорната глувост е далеку почеста од предговорната глувост. Унилатерални и билатерални оштетувања на слухот Луѓето со унилатерални оштетувања на слухот (едностранична глувост SSD) имаат оштетување само на едно уво. Со ова се спречува можноста на личноста да ги лоцира звуците(на пр. распознавање од каде доаѓа галамата) и распознавање на звуци во позадина на гласни места. Слични последици произлегуваат од King-Kopetzky синдром (познат и како оштетување на слухот при нормалнен слух), што се одликува со невозможност за распознавање на звуци од позадина во гласни средини и покрај нормалното слушање на тестовите за слушање.

Предизвикувачи Долунаведените се едни од главните причини за губење на слухот. Долготрајно изложување на галама Луѓе кои живеат близу аеродроми или автопати се изложени до степен на врева од 65 до 75 dB(А) опсег. Ако значителен дел од животот опфаќа надворешни или отворени простории, ваквите изложување може да го нарушат слухот. Америкаснскиот ЕПА и неколку држави одредија ограничување на вревата за да ги заштитат луѓето од овие несакани здравствени ризици. ЕПА одреди дека 70 dB(А) во рок од 24 часа изложеност како краен степен да ја заштити јавноста од губење на слухот и други несакани последици од галама, како попречување на сон и учење, проблеми поврзани со стрес,итн. (EPA, 1974 г.)

Губење на слух поради бучава (NIHL) обично се случува на 3000, 4000 или 6000 Hz. Како што се зголемува, оштетувањето ги погодува пониските и повисоките честоти. На аудиограм, добиената конфигурација има јасно одреден степен, понекогаш познат како “степен на галама”. Како што стареењето и други ефекти придонесуваат за раст на степенот на честоти( 6–8 kHz на аудиограм), овој степен може да биде занемарен и целосно да исчезне.

Погласни звуци предизвикуваат штета во пократок временски период. Проценка за “безбедно” време на изложеност е можно со користење на звукот не надминува 3 dB. Ако 3 dB e удвоен, изложеноста мора да биде намалена за половина за да ја одржува истата енергетска доза. На пример, “безбедно” дневно изложување е околу 85 dB A, познато како реакција на изложеност, за 8 часа, додека “безбедно“изложување на 91 dB A, е само 2 часа (Државен институт за безбедност и здравје при работа, 1988год.) Забележано е дека кај некои луѓе, јачината на звукот може негативно да делува и на помала јачина од 85 dB A. Изложување на други ототоксини (на пр. пестициди, некои лекови вклучувајќи ја и хемотерапијата, раствори итн.) влијаат лошо на оштетениот звук, но и самите го оштетуваат.

Некои од Американските агенции за здравје и безбедност (како Управа за безбедност и здравје при работа) и Управа за безбедност и здравје во рудниците), користат звук од 5 dB. Оваа гласност е најкористена, драстично ги намалува штетите предизвикани од гласни звуци. На пример, јачина од 115 dB, 3 dB ќе го ограничи изложувањето на пола минута; а 5 dB дозволува 15минути. Додека OSHA, MSHA, и FRA издаваат водичи за ограничување на звучно изложување на работното место, сепак нема никакви правило или закон за јачината во местата за рекреација како спортски сали, музички концерти, барови итн.. Ваквиот недостаток произлезе од недоволното финансирање на ONAK, Канцеларијата на ЕПА за ублажување и контрола на звукот, во раните 1980-ти. This lack of regulation resulted from the defunding of ONAC, the EPA's Office of Noise Abatement and Control, in the early 1980s. Во 1972 беше основан ОНАК со Акт за контрола на звукот, дополнет со работа за присап и намалување на галамата во околината.

Многумина не се свесни за присуството на штетните околинските звуци, или за прагот кога звукот станува штетен.Чести извори за ова може да бидат радио во колите, детски играчки, транспорт, толпа луѓе, градинарска и одржувачка опрема, моќни алатки, употреба на пиштол, па дури и на фен. Оштетувањата од галама е целосен процес; за да се оцени ризикот, сите извори на оштетување треба да бидат земени предвид. Ако некој е изложен на гласни звуци(вклучувајќи ја и музиката) и високи честоти или за подолг период ( 85 dB A или поголеми), тогаш доаѓа до оштетување. Звуковните честоти се зголемуваат со блискоста; кога изворот е поблиску до увото звукот е погласен. Генетски Губењето на слухот може да е наследно. И постоењето на доминантните и рецесивни гени може да предизвика благо до сериозно оштетување. Ако во семејството има доминантен ген за глувост, тој ќе се провлекува низ генерации и ќе се одрази на потомокот иако е наследено само од еден родител. Ако пак во семејството има генетско оштетување на слухот предизвикано од рецесивни гени нема секогаш да се пренесе на следната генерација и на потомокот ќе мора да биде пренесено од двата родитела. Доминантното и рецесивно оштетување на слухот може да биде синдромично и несиндромично. Скорешите испитувања на гени укажаа на голем број несиндромични доминантни( DFNA#) и рецесивни (DFNB#) форми на глувост. Најчест тип на вродено оштетување на слухот во развиените земји е DFNB!, познат и како Конексин глувост 26 или ГЈБ2 (GJB2)- глувост. Најчестите доминантно-синдромични форми на оштетување на слухот се Стиклеровиот синдром и Варденбурговиот синдром. Најчести рецесивно-синдромични форми на оштетување на слухот се Пендредовиот синдром и Ашеровиот синдром. Вродениот неправилност, микротиjа, може да предизвика целосна или делумична глувост што зависи од големината на деформитетот и дали се или не се оштетени делови од внатрешното и средното уво. Зарази/ болести

Сипаниците ги напаѓаат и уништуваат слуховните нерви Менингитисот може да го оштети слуховниот нерв или кохлеата