Макаки-резус е макаки со песочна боја (Macaca mulatta).

Особености Макакито-резус се долги 43-64 см, не сметајќи ја влакнестата опашка која е долга од 20 до 30 см и тешки се 4,5 и 11 кг. Се хранат со овошје, семки, корења, растенија и инсекти. Се сметаат за свети во некои делови на Индија. Издржливи во заробеништво, високо интелегентни и итри, тие се многу добри миленици кога се мали, но можат да станат многу непријатни кога ќе пораснат. Се користат во медицинските истражувања. Определувањето на Рх (од резус) факторот во човечката крв вклучува реакција во крвта од овој вид.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МТМ, 2005, Книга 8, стр. 84

Наводи

Категорија:Макакија Категорија:Мајмуни од Стариот Свет Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Цицачи од Азија