мини|десно|Востаничката територија I востанички округ - Битолски — округ основан со Општиот план за Илинденското востание, а во него влегле Битолско, Охридско, Дебарско, Кичевско, Крушевско, Прилепско, Велешко, Мариовско, Костурско и Леринско.

Востанички дејствија

Смилево мини|десно|150п|Даме Груев мини|десно|150п|Борис Сарафовмини|десно|150п|Атанас Лозанчев

На празникот свети Илија во Смилево постоела голема раздвиженост. Самиот празник ги прикривал активностите за востанието. Жените и децата пред очите на војската разнесувале муниција и сопштенија до пунктовите за напад. Даме Груев заедно со ГШ се наоѓал над селото Бигла. Таму селскиот свештеник го осветил знамето на Штабот. Со крст во рака, тој:

Војводите, четниците и селаните еден по еден му приоѓале на знамето и го бакнувале по што се поздравувале со Груев, Сарафов и Лозанчев. Сите со возбуден глас си честитале со Аирлија .

Приквечер во селото војничката османлиска труба го означила времето за вечерната молитва. Кога османлиските војници извикале Падишах чок јаша, од спротивните куќи изгрмел плотун, а од сите страни се слушнало Долу Султанот!, Долу Турција! и Ура!

Веднаш потоа ГШ на чело со Даме Груев слегле во селото и се соединиле со четите што ја започнале борбата. Бројот на востаниците достигнал 200 луѓе. Османлиските војници кој го преживеале првиот напад се повлекле во училиштето и соседните куќи и започнала голема престрелка. Еден дел од војниците се обиделе да ја заземат големата куќа на Георги Чуранов и од таму да ја продолжат борбата. Но ГШ со дозвола на сопственикот на куќата наредил да се запали, а според Христо Силјанов во тој момент Чуранов запеал:

Не сакаме богатство Не сакаме пари Но сакаме слобода Човечки правдини

Меѓутоа оние војници во училиштето и камените куќи добро се утврдиле и борбата со нив траела цела ноќ. Востаниците успеале да запленат склад со муниција и имало обид за кревање во воздух со динамит на други зданија но неуспешно. Според турските документи при првиот напад на Смилево загинале 8 турски војници, а 14 биле ранети Турски документи за оружените борби во Македонија 1903-1908, превод, редакција и коментар: Драги Ѓорѓиев, Скопје, 2007.

На 3 август Генерал штабот наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно.

Востаниците ја продолжиле борбата со опсадените османски војници, но како помош им дошле 400 души аскер и ГШ дал наредба за повлекување но селската чета не го добила известувањето.

Во меѓувреме смилевската чета на чело со Стојан Донски го пресретнала аскерот при што загинале 10 турски војници и еден јузбашија, а од страната на четата загинал еден востаник, ГШ наредил четата на Донски да се повлече, а аскерот кој дошол на помош на опколените турски војници се утврдил во близината на селото на спротивната страна од Главниот штаб.

Поради повлекувањето на востаниците, Турците успеале на 4 август да влезат во Смилево, да ги спасат опколените војници, а притоа запалиле дел од куќите. Голем дел од селаните во збегот кога виделе дека горат куќите се упатиле кон селото, а аскерот помислил дека тоа е нов напад на востаниците и затоа тие се повлекле од селото.

Поради наредбата на ГШ за повлекување селаните почанле да негодуваат, не ја прифатиле тактиката на ГШ за штедење на силите. Според Чуранов, Даме Груев пред насобраните и незадоволни селани ја објаснил тактиката на Главниот Штаб:

Следниот ден турската војска и башибозук од село Обедин се упатиле кон Смилево но биле сочекани, одбиени и натерани во бегство. Меѓутоа имало нов напад од Турците кои тргнале од правецот на село Прибилци но востаниците успеале да ги одбијат. Откако сите обиди на османлиската војска да го заземе Смилево биле пресечени, Борис Сарафов заминал за Охридско, а Атанас Лозанчев за Демихисарско и Кичевско. По нивното заминување во следните 20 дена во околината Смилево не се појавила османска војска и башибозук.

Во тој период под раководство на Стојан Донски биле преземени мерки за утврдување на Смилево, биле ископани одбранбени ровови со што се зацврстиле одбранбените востанички позиции. Населението кое не било способно да се бори и понатаму се наоѓало во збегот Голем Гар каде биле организирана заедничка исхрана, а биле преземени мерки за негова заштита .

Крушевска Република

thumb|десно|150px|Никола Карев Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот - бившиот офицер Тодор Христов кој претходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и другите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот. Во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници - војводи.

Секоја група имала точно определена задача: една да ги заземе установите, друга да ги држи најважните пунктови во градот и околината, а трета да служи како резерва на Штабот итн. Пред почетокот на нападот Штабот на Крушевските востаници на чело со Никола Карев, испратил Окружно до раководителите на Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските бојни групи, кои се известуваат за востанието и се повикуваат на борба.

На 4 август во градот влегува Штабот на Крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата македонска република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада.

За претседател на републиката бил избран началникот на Штабот на Крушевските вооружени сили Никола Карев. Биле организирани и специјални служби за вооружување на населението и утврдување на градот со длабоки ровови, маскирани со зеленило. Биле отворени работилници за производство и поправка на оружјето за изработка на муниции и други бојни материјали.

Демихисарско мини|десно|150п|Јордан Пиперката

Во демихисарскиот реон раководители биле Јордан Пиперката, Димитар Дечев, свештеникот Кузман и Христо Пасков. Според Христо Силјанов, Демихисарско дало 1 000 востаници . На Илинден во црковниот двор во село Прострени, пред многу народ било осветено демихисарското знаме, а Дечев одржал говор при што биле водушевени селанте. Од таму реонскиот штаб со осветеното знаме се упатил кон Велмевци, а таму било прогласено востанието. thumb|250px|лево|Војводата Јордан Пиперката (седнат долу на сликата). Првата ноќ биле преземени редица акции. На патот Битола - Кичево кој минувал низ Демихисарско била исечена телеграфската линија, а биле разрушени и сите мостови, потоа биле изгорени чифлизите во Утово, Стругово, Жван и други. Под команда на Дечев 150 востаници го нападнале турскиот гарнизон кој се состоел од 170 души во административниот центар Прибилци.

Прибилци било опколено. Но Турците го очекувале нападот, турските селани од прозорците на своите куќи почнале да стрелаат. Следниот ден востаниците се повлекле од селото го оставиле аскерот и се упатиле кон Бабино, еден од одредите го разбил аскерот во Брезовската кула, а самата кула била опожарена.

Јордан Пиперката со еден поголем одред го нападнал турскиот аскер во село Мало Церско, но аскерот пред да дојдат востаниците се повлекле и засолниле во турското село С'лп, а зад себе ги оставиле воените материјали, а востаниците направиле и една демонстрација кај турското село Мургашево .

Во Кичевско, кај селото Карбуница бил опколен војводата Арсо, а како помош се упатил реонскиот штаб. Кај месноста Грнчарец одредот се укопал и одбил неколку напади на аскерот, а во еден од тие напади загинал и прочуениот крвник Сефер ага кој го предводел башибозукот. Потоа и востаниците и турските сили почнале да се повлекуваат. Во овој судир востаниците имале 16 загинати.

Во првите денови на востанието во Демихисарко, турските селани се затвориле во своите куќи и не ги обработувале своите ниви и не го гледале својот добиток. Востаниците во селата Бабино, Слоештица, Велмевци и Жван созадле свои пунктови каде се собирала храна и секави други матерјали кои им биле потребни за идните дејствија.

Меѓутоа пристигнале вестите за паѓањето на Крушево и тоа влијаеле деморализирачки врз востаниците во Демихисарко. Еден поголем турски одред од армијата на Бахтијар паша се поминал низ Демихисарко за Кичевско. Кај месноста Коприндол недалеку од селото Цер, овој турски одред дошол во судир со 70 востаници на чело со војводите Велко и Злате . Востаниците под притисок на турската војска се повлекле, а аскерот влегол во Цер каде убил неколку старци, меѓу нив бил и поп Спиридон по што селото било запалено.

Јордан Пиперката застанал не чело на една група и се упатил кон Цер но бил забележан и биле нападнати. Меѓу селата С'лп, Големо и Мало Церско започнала борба, а асекрот започнал да стрела и со топови. Четите од Грнчарец се упатиле на помош судирот се засилил, а опколените успеале да се повлечат освен тројцата загинати меѓу кој бил и војводата Јордан Пиперката .

Преспа мини|десно|150п|Славејко Арсов Ресенскиот реон бил под раководство на Славејко Арсов и потпоручникот Панајотов. Поважни војводи биле Спиро Олчев, Стефан Мешков, Перуш Стрезов, Ставре Тасев, Јоше од Подмочани, Иван Трајчев, Кочо Кочовски, Георги Чаушот од с. Златари и др. мини|лево|250п|Четата на Арсов Првата ноќ биле изведени неколку разрушителни акции од слабо вооружени групи. На 20 јули четите од селата Болно, Царев Двор, Дрмени и Јанковец на чело со Арсов биле групирани во Болно. Додека Арсов таму почнал да им раздава пушки на оние кој немале, дошло едно селанче и се пожалило на војводата дека падарот Арнаутин (Албанец) му ги зел говедата и му побарал 3 бели меџидии за да му ги врати. Арсов испратил една група и таа го донела падарот. Во село Болно тој бил погубен од страна на говедарчето и еден селанец. Според Христо Силјанов, тој бил првата жртва во Ресенско .

Четите составени од 150 души со петролеј и храна за два дена се симнале од планината и сместиле во близината на Ресен. Дрменската и царедворската чета под раководство на Олчев започнале да стрелаат, по што избувнале неколку пожари во близината на градот и во тој момент се слушнал востаничкиот извик Ура! Турците почнале да стрелаат по востаниците но по некое време четите се вратиле во планината. Истата ноќ востаниците имале борби со аскерот кај селата Кривени, Златари и Избишта.

Стефан Мешков со четите од Ехла и Дупени ја нападнал кулата кај селото Петрино на патот Ресен-Охрид. Во овој судир загинале неколку турски војници, а истата ноќ четите се повлекле .

Во селото Царев Двор, еден востаник Георги бил забележан од месните Турци. Тие побарале тој да се предаде но тој успеал да убие тројца, а меѓу нив се нашол и прочуениот пољак Шафче, останатите Турци се разбегале и Георги заминал кон планината.

Во Подмочани четата убила неколку Турци, по што дошол аскер и четата се повлекла.

Четите од Перово, Покрвеник, Волкодери, Шурленци и Прељубовец не чело со Стрезов го потпалиле Шурленсхиот хан на патот Битола - Корча. Шеснаесет турски војници изгореле, а останатите успеале да се повлечат.

Востаничкиот одред од селата Езерани, Перово и Лескоец, го нападнале ханот во село Стење, но аскерот и стражарите го одбиле нападот, а дел од одредот убил дваесетина стражари на патот за Корча . Првата ноќ најсериозните дејствија се случиле околу селата Крушје и Леорка.

На Илинден во селото Крушје, тамошниот аскер бил зачуден од однесувањето на селаните, тие им носеле баници, кисело млеко и други изобилства, но храната била затруена со арсен, а војниците набргу добиле грчеви и страшни болки. Хаџијата кој бил Турчин кога дознал за тоа избегал, а ноќта во селото дошол аскер од 50 души. Аскерот се нафрлил да го пали селото, но биле нападнати од месната чета на чело со Иван Трајчев Гуле, а аскерот бил принуден да се затвори во ханот. Престрелката траела цела ноќ. Востаниците неколкупати се обиделе да го потпалат ханот но неуспешно.