мини|323x323пкс| Поречкиот Срез во рамките на Кралството Србија, 1913. Поречки Срез, првично именуван Бродски Срез — административна единица во Порече за време на српската окупација, кога Порече се наоѓа во рамките на Кралството Србија, а подоцна во рамките на Кралството Југославија.

Организација и население Кралство Србија На 25 октомври (стар стил)/7 ноември (нов стил) 1913 година, Бродскиот Срез бил преименуван во Поречки Срез.

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Поречкиот Срез припаѓал на Тетовскиот Округ, заедно со Долнополошкиот, Горнополошкиот и Галичкиот Срез. Како центар на срезот било селото Брод. Во 1913 година тој имал 9 општини, со 62 села. Населението било целосно рурално и изнесувало 19.033 жители. +Поречкиот Срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинатаБрој на селаКолку часови е оддалечена општината од БродЖители1Брестовачка4910592Бродска6014613Дебрешка123:3047884Долно-рабетинска7326035Локвичка53:3018456Манастиричка7517507Растешка91022188Самоковска8721709Слатинска431139

Кралство СХС Во 1921 година, срезот имал 7 општини, односно 16.054 жители.

Јазик Во Поречкиот Срез, 86% од населението говорело српски или хрватски, додека 11% говореле на арнаутски јазик. ОпштинаСрпски или хрватскиАрнаутскиТурскиДругиВкупноБрод1297242501544Дебреште19411494429113875Доња Рабетина24121602419Локвица19910031994Манастирац21923012196Растеш16980001698Самоково23360012337Вкупно1385817404401616054%86.32%10.83%2.74%0.11%100%

Религија Во Поречкиот Срез, 72% од населението било православно, додека 28% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf ОпштинаПравославниМуслиманиВкупноБрод12272423171544Дебреште106028153875Доња Рабетина105913602419Локвица199131994Манастирац219062196Растеш168901698Самоково233232337Вкупно11548450616054%71.93%28.07%100%

Кралство Југославија Во 1931 година, Поречкиот Срез исто така имал седум општини. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Целиот срез имал 18.740 жители. Како православни се изјасниле 73% од жителите, додека како муслимани 27%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf

90% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, додека 8% говореле на арнаутски јазик.

Во ФНРЈ и СФРЈ По Втората светска војна, Поречкиот Срез се преименува во Бродска Околија.

Избори По укинувањето на Македонскиот фронт, германската и бугарската војска отстапуваат во 1918 година. Во Порече се задржува српската војска.

За началник на срезот е поставен Боро Марковиќ. Срезот формира општини во истите места како во 1912 година. Претседателите на општините биле поставувани со декрет. Воспоставени биле: Општина Брод, Општина Дебреште, Општина Растеш, Општина Самоков и Пласничко-Рабетинска Општина. Општински избори биле спроведени на 28 август 1920 година.

На 28 ноември 1920 спроведени биле парламентарните избори. Поречкиот Срез немал свој кандидат, поради недоволен број на избирачи, затоа избираат кандидат од Долнополошкиот Срез.

Избори од 1920 година За време на изборите учествуваат повеќе политички партии: Демократската партија, Комунистичката партија, Радикалната партија.

Во Општина Самоков, Радикалната партија добила 42 гласа, Демократската партија 345 гласа а Комунистичката партија 8 гласа.

Избори од 1933 година Во 1933 година спроведени се општински избори. На изборите учествуваат Радикалната партија и Демократската партија со свои кандидати.

Избори од 1936 година Во 1936 година спроведени се општински избори. На овие избори доаѓа до големи судири меѓу партиите, претставниците и кандидатите за претседатели на општинските одбори.

Избори од 1938 година Во селата низ Порече на овие избори преку 80% од избирачите гласаат за кандидатот на Демократската партија. За пратеник е избран кандидатит Данило Ѓуроски од Слатина.

Наводи

Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Македонски Брод