Паул Јулиус Ројтер (), вистинско име Израел Бер Јосафат (, Касел, Германија- , Ница, Франција) бил германски новинар, основач на новинската агенција Ројтерс.

Животопис Тој бил банкарски службеник и партнер на малите концерти за публикување пред да го иницира прототипската информативна служба во Париз во 1849 година, користејќи електричен телеграф и гулаби писмоносци. Тој се преселил во Англија во 1851 година и отворил телеграфска служба за услуги на банките, посредничките куќи и водечките деловни фирми. Постепено ја проширил својата информативна служба, со здобивањето на првиот новински клиент во 1858 година. Подморските кабли му овозможиле да ја прошири својата служба на другите континенти.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 119

Наводи

Категорија:Германски новинари Категорија:Луѓе од Касел