Хорватов плускавец () ― претставува ендемит од семејството Caryophyllaceae (каранфили), кој егзистира само на субалпскиот и алпскиот појас на планината Ниџе - Кајмакчалан.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 332-333
Опис Многугодишно растение со задрвенет базален дел и целото препокриено со густи, куси влакненца, поради што растението е сивозеленикаво. Цветните гранчиња околу 10 см високи, обично се по неколку заедно, вертикални, неразгранети, со по еден терминален цвет. Цветовите се поединечни и со дршка долга 3-6 мм. Чашката со густи, куси влакна, 12-13 мм долга, во горниот дел малку проширена. Венечните ливчиња белузлави, на врвот всечени, а плодната кутијка околу 6 мм долга, целосно обвиена од чашката.
Расте по силикатни карпи, на надморска височина од околу 2000 метри.
Наводи
Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Македонија Категорија:Каранфили