Четирисет и деветтата дивизија на НОВЈ (дејствувала од 1944 до 1945) била воена единица формирана во селото Црноец, Битолско, на 10 септември 1944 година.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 180-181 Во нејзиниот формациски состав влегле 5-та и 7-та македонска ударна бригада и Битолско-преспанскиот партизански одред.
Команден состав Командниот состав на дивизијата го сочинувале: Васко Карангелески, командант од 25 септември 1944 година Чеде Филиповски - Даме, командант од 6 декември 1944 година
Политички комесари биле: Иљо Јовчевски, политички комесар од 25 септември 1944 Ѓорѓи Симоновски, политички комесар Ѓоре Велковски, политички комесар од 6 декември 1944 година
Борбен состав Во почетокот на октомври 1944 г. дивизијата била реорганизирана, па во нејзиниот состав влегле и Втората македонска ударна бригада и Костурско-леринскиот баталјон „Гоче“ (од Македонци од тој дел) и потоа влегла во составот на Петнаесетти македонски корпус (со бројна состојба од 4.200 борци и старешини).
По ослободувањето на Прилеп (2 септемрви 1944 г.) на местото на 2-та во составот на дивизијата влегла 9-та македонска бригада. Новиот состав го формирале 5-та, 7-та и 9-та македонска и Првата егејска бригада. Во декември 1944 г. во нејзиниот состав влегле 6-та, 9-та и 11-та македонска, како и Првата артилериска бригада.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1623 стр.
Борбени дејства Борбените дејства на дивизијата главно се довивале на просторот околу Пелагонија и Преспа, против германските единици од армиската група Е. Дивизијата водела борби на комуникациите: Лерин – Битола и Охрид – Ресен – Битола – Прилеп против ГАЕ кои се повлекувале од Грција. Единици од составот на оваа дивизија учествувале во борбите за конечно ослободување на Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, а потоа и против балистичките формации кај Кичево, Зајас и Гостивар.
Наводи
Литература Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г. Зборник докумената и података о Народноослободилачком рату југословенских народа, VII, књ. 4; Борбе у Македонији, Београд, 1954; Михаило Апостолски, Завршне операције за ослободжење Македоније, Београд, 1953.
Категорија:Народноослободителна војска на Македонија Категорија:Дивизии на НОВЈ Категорија:Народноослободителна војска на Југославија