Срцевите црви се видови филаријални црви коишто живеат како паразити кај цицачите, особено кај кучињата. Над 500 возрасни срцеви црви, со големина од 15 до 30 cm, живеат во срцето на кучето и микрофилиарите (ембриовидни ларви) се пренесуваат во крвта. Комарците ја пренесуваат заразената крв од куче на куче. И возрасните црви и нивните ларви го оптоваруваат срцето и го намалуваат дотокот на крв до белите дробови, бубрезите и црниот дроб. Со тек на време се појавуваат и видливи симптоми (хронично кашлање, отежнато дишење, тромост, срцев удар) по што може да е веќе доцна за лекување. Постојат превентивни лекови и третмани, вклучувајќи ја и можноста за хируршки зафат. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 9, стр. 76

Наводи

Категорија:Паразити

Категорија:Кучешки заразни болести

Категорија:Мачешки заразни болести

Категорија:Зоонози