Забзун () — село во општината Либражд на Елбасанската област, источна Албанија.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи југозападно од Борово и на поголемо растојание на запад од Стеблево.
Историја Албанизацијата на Забзун и Борово почнала порано. Жителите се албанизирани торбеши (Македонци муслимани).
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Забзун (Zabzoun) е село со 60 домаќинства сочинети од 114 „Албанци-муслимани“.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 178-179.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Забзун живееле 400 „Албанци-муслимани“.
Во 1913 г. како последица од Балканските војни Забзун влегол во состав на новосоздадена Албанија.
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во август 1930 г. Забзун се води како село со 15 куќи на „Албанци“.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
Според податок на Миленко Филиповиќ издаден во 1940 г. селото броело 180-200 куќи, броејќи го и заселокот Ланга.
Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Стеблево.
Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект
Наводи
Категорија:Села во Албанија Категорија:Либражд Категорија:Голо Брдо