Булка, божанка, божурига, божурика, див афион, пеперуга тутенка () — едногодишно, поретко двегодишно зелјесто растение од семејството афиони Papaveraceae.
Во Македонија е широко распространето коровно растение, и тоа особено по житните култури, покрај патишта, брдски пасишта, меѓи и покрај грмушести растенија.
Име
Латинското име е papver rhocas. На македонското јазично подрачје познато е како кунинка (Посечан, Драма), божа (Горно Броди, Сер), пљускавец (Дојран и Долни Порој, Демир Хисар), була (Калиманци, Мелник), трамбула (Крчово), мачек (Петрово), пеперуди (Скребатно, Неврокоп), камбула (Врања, Демир Хисар), невеста (Долен, Неврокоп), божанка (Хрсово, Мелник), бажуни (Белица, Разлог), тутенка (Ресен), булач (Ветрино, Демир Хисар), кад'нка (Спатово), кокана (Плевља, Драма), божурига, божана (Пирава, Гевгелија)Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 8
Опис мини|лево|250п|Трите фази на цветот на булката: пупка, цвет и чушка Стеблото е исправено, неразгрането или слабо разгрането, прекриено со влакна. Листовите се јајчести, сивозелени по боја. Цветовите се крупни, темноцрвени, светлоцрвени, а поретко со бела боја. Цветот има четири венечни ливчиња, кои се тенки, нежни, на основата потемни. Плодот е чушка исполнета со многубројни, ситни, плавосиви семиња.
Употреба За лек се користат исушени цветови, кои содржат слузи, шеќери, антоцијани и друго. Во народната медицина се употребува како средство против кашлица при бронхит и голема кашлица, против крварење, го скратува протромбонското време, против цревни болести, дијареја и слично.
Булката како тема во уметноста и популарната култура „Булки без саксија“ — расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 70-72. „Разговор со булките“ (српски: Разговор с булкама) - песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 169. „Булки крај шините“ - македонска телевизиска серија, снимена во 1981 година (со Петре Прличко и Рубенс Муратовски во главните улоги)
Галерија
Белешки
Наводи
Категорија:Афион (род) Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија