Отец Дамјан (вистинско име Жозеф де Вестер) (3 јануари 1849 - 15 април 1889) бил белгиски свештеник.
Роден е во Тремело, Белгија, а починал во Молока на Хаваи. По обуката во колеџот на грофот Брен, во 1858 година се приклучил кон Друштвото на светите срца на Исус и на Марија. Во 1863 година заминал во мисија на Хаваите во Сендвич, каде што во 1864 година го дал заветот за свештеник. Во 1873 година волонтирал во раководењето со колонијата на заболени од лепра сместена на островот Молока. Таму служел и како доктор и како свештено лице притоа трудејќи се да ги подобри тамошните услови за живеење, а истовремено се заложил и за изградбата на два дома за сираци. И самиот добивајќи лепра во 1884 година, одбил да го напушти своето работно место, а пет години подоцна починал.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 3, стр. 33
Наводи
Категорија:Римокатолички христијани од Белгија Категорија:Римокатолички христијани од САД Категорија:Римокатолички светци од Белгија Категорија:Белгиски свештеници Категорија:Починати од лепра Категорија:Англикански светци Категорија:Римокатолички мисионери Категорија:Христијански светци од 19 век Категорија:Погребани во Белгија Категорија:Родени во 1840 година