мини|десно|300п|Карта на Италија со Тиренското Море
Тиренското Море (, , , , , ) водна површина која претставува дел од Средоземното Море, т.е. делот западно од копното на Италија.
Географија Морето се граничи со Корзика и Сардинија на запад, Тоскана, Лацио, Кампанија, Базликата и Калабрија на исток и Сицилија на југ.
Најголемата длабочина на морето изнесува 3785 m.
Тиренското Море се наоѓа близу местото каде што се среќаваат Африканската и Европската Плоча, па затоа во неговите длабочини има цели планински вериги и активни вулкани. Во јужниот дел од морето се наоѓаат осумте Липарски Острови, северно од Сицилија.
Граници Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Тиренското Море се следниве: Во Месинскиот Проток. Линија што го поврзува северниот крај на ’ртот Пачи (15°42' ИГД) со источниот крај на островот Сицилија, ’ртот Пелоро (38°16' СГШ). <p>На југозапад. линија што се протега од ’ртот Лилибео (најзападно во Сицилија) до јужниот крај на ’ртот Теулада (8°38' ИГД) во Сардинија. <p>Во протокот Бонифачо. Линија од западниот крај на ’ртот Теста (41°14' СГШ) во сардинија, па до југозападниот крај ’ртот Фено (41°23' СГШ) во Корзика. <p>На север. Линијата што ги поврзува ’ртот Корс (или Корзо, 9°23' ИГД) во Корзика, со островот Тинето () и оттаму, низ островите Тино и Палмарија, па до ’ртот Сан Пјетро () на крајбрежјето на Италија.
Излези Тиренското Море има пет излеза (од север кон југ): Корзиканскиот Канал помеѓу Тоскана и Корзика, широк околу 80 км. Протокот Бонифачо помеѓу Корзика и Сардинија, широк околу 11 км. Сардинскиот Канал помеѓу Сардинија и Тунис, широк околу 200 км . Сицилијанскиот Проток помеѓу Тунис и Сицилија, широк околу 160 км. Месинскиот Проток помеѓу Сицилија и Калабрија на врвот на „чизмата“ на Италија, широк околу 3 км.
Име Името на морето доаѓа од грчкиот поим за Етрурците, кои се сметале за доселеници од Лидија, предводени од кнезот Тирен.Потеклото на Етрурците , Универзитет на Сан Хосе Етрурците се населиле долж крајбрежјето на денешна Тоскана, и затоа морето се нарекувало уште и „Етрурско Море“.
Поврзано Лигурско Море Јонско Море Салернски Залив
Наводи
Категорија:Средоземно Море Категорија:Географија на Италија Категорија:Географија на Франција Категорија:Географија на Тунис Категорија:Мориња во Европа Категорија:Мориња во Франција Категорија:Мориња во Италија