Црквата Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна (руски: Церковь Ризоположения) е црква која се наоѓа на Катедралниот плоштад во Московскиот кремљ во Русија.

Изградбата на црквата започнала во 1484 година од страна на Псков, најверојатно ахитектот кој ја проектирал ѝ Благовештенската катедралаShvidkovsky, Dmitry. Russian Architecture and the West, Yale University Press, 2007. ISBN 0300109121. Црквата била изградена на местото на поранешна црква, која пак била изградена во 1451 година"Discovering the Kremlin ", kremlin.ru. Посетено на April 28, 2008.. Името на црквата било посветено на Пресвета Богородица, по повод преместувањето на нејзината облека од Палестина во Цариград, каде станала заштитничка на градот. Според некои легенди, во времето на руско-византиската војна од 860 година, градот не паднал во рацете на Русите поради појавувањето на Пресвета Богородица на бојното поле, каде голем број од руските бродови потониле во моретоTurnbull, Stephen. The Walls of Constantinople, AD 324–1453, Osprey Publishing, p.48–49. ISBN 1-84176-759-X.

Наводи

Категорија:Цркви од 15 век Категорија:Цркви во Москва Категорија:Музеи во Москва Категорија:Московски кремљ Категорија:Православни храмови Москва