Џорџо Кјелини (итал. Giorgio Chiellini, р. 14 август 1984, во Пиза) — италијански поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Кjелини се смета за еден од најдобрите одбранбени играчи на својата генерација. Како физички силен, агресивен и разноврсен дефанзивец, тој најчесто играл на позицијата централен одбранбен играч, но исто така бил способен да игра и како лев бек, во одбрана со три или четири играчи.
На клупско ниво, Кјелини ја започнал својата кариера во Ливорно во 2000 година, а подоцна играл една сезона за , пред да се пресели во Јувентус во 2005 година. Со Јувентус, тој освоил осум последователни титули од Серија А од 2012 до 2019 година, како и четири последователни титули во Купот на Италија и четири титули во Суперкупот на Италија. Кјелини бил избран во Серија А Тимот на годината четири пати: во 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016 и 2017-18 и исто така му била доделена наградата за Серија А Одбранбен играч на годината, трипати: во 2008, 2009 и 2010 година.
Своето деби за сениорската репрезентација на Италија го направил во 2004 година, завршувајќи ја репрезентативната кариера со 117 настапи (има и 8 гола) што го прави петти играч по бројот на настапи во историјата. Најголемиот успех со „аѕурите“ го постигнал со освојувањето на Европското првенство 2020, подигајќи го трофејот како капитен. Покрај на споменатото првенство, тој настапил на Летните олимписки игри 2004, освојувајќи бронзен медал, уште три други Европски првенства (покрај титулата играл и во финалето на првенството одржано во Полска и Украина), две Светски првенства (2010 и 2014) и два Купа на конфедерации (2009 и 2013, освојувајќи го третото место на второто).
Во 2021 година, го освоил 13-тото место на изборот за Златната топка.
Биографија Џорџо е роден во Пиза, а израснал во Ливорно, каде што живеел со неговото семејство; тој има една сестра и два браќа, од кои едниот, неговиот брат близнак, Клаудио, исто така, е негов агент. Како дете тој сонувал да игра кошарка, и бил голем обожавател на Лос Анџелес Лејкерс и на Коби Брајант.
Кјелини е меѓу ретките успешни играчи способни да ја усогласат спортската кариера со текот на студиите, тој најпрво положил матура во научното средно училиште "Федриго Енрикес" во Ливорно, а потоа во 2010 година дипломирал на насоката за економија и трговија на Универзитетот во Торино. Во 2017 година се стекнал со магистарски степен по "бизнис и администрација" на истиот универзитет, бранејќи ја темата „Бизнис моделот на фудбалскиот клуб Јувентус во интернационален контекст“.Chiellini stekao diplomu Mastera Poslovne ekonomije
Во 2014 година се оженил со Каролина, со која имаат две ќерки.
Технички карактеристики
Кариерата ја започнал како лев бек, а потоа се утврдува како централен одбранбен играч; исто така, може да се користи како лев дефанзивец во формација со 3 играчи. Тој е опишан како "старомоден централен дефанзивец" кој веднаш ги напаѓа противничките играчи во обид да ја освои топката. Неговите одлики кој го прават препознатлив на теренот се физичката сила, агресивноста и храбароста, бескомпромисните стартови, и добрата игра во воздухот поради која е опасен и во противничките шеснаесетници. Покрај тоа, тој поседува силен менталитет, добар темперамент под притисок, решителност и одлична концентрација. Како резултат на овие квалитети, Златан Ибрахимовиќ го опишал Кјелини како најтешкиот дефанзивец со кој се соочил, притоа истакнувајќи ја екстремната коректност во неговите дејствија. Во прилог на ова зборува и фактот дека и покрај цврстите и одлични интервенции, Кјелини всушност добил само две исклучувања за време на целата негова кариера во Серија А. Иако не бил особено технички надарен, често успевал да постигнува голови благодарение на својата способност при ударите со глава.
Како играч кој континуирано созревал со текот на годините, во вториот дел од неговата кариера ги подобрил својте атлетски, тактички и технички квалитети, благодарение на анализирањето на фазите на играта; покрај тоа, цврстите бескомпромисни стартови што го карактеризирале во минатото, им отстапиле место на почистите и поточни интервенции. иако во одредени ситуации знаел да изврши некои необични и доста очигледни тактички фаули – пред сè, оној во стилот на „борач“ врз Англичанецот Букајо Сака за време на Финалето на Европското првенство 2020 –, извршени да ги спречи дејствијата на противниците на што е можно помалку безболен начин. Оваа еволуција довела до тоа експертите да го сметаат меѓу најдобрите централни одбранбени играчи на неговата генерација. Меѓу другите, англискиот напаѓач, Хари Кејн, го опишал како еден од најсилните дефанзивци – заедно само со Џон Тери – со кои се соочил во својата кариера.
Заедно со Андреа Барцаљи и Леонардо Бонучи, долгогодишните соиграчи во 2010-тите години во Јувентус и во репрезентацијата, Кјелини формирал фантастично уиграно дефанзивно трио наречено «БиБиСи» (BBC) од спортските новинари;Исто така некаде се среќава и како «BBBC» (БББС) вклучувајќи го и голманот Џанлујџи Буфон, cfr. Со пензионирањето на Барцаљи, последователната оска Бонучи-Кјелини што била создадена се сметала, поради нејзината децениска долговечност и перформанси на високо ниво, за една од најсолидните и најкомплетните во меѓународниот фудбал, споредувана со двојки од минатото како што се Бекенбауер-Шварценбек, Ширеја-Џентиле или Барези-Костакурта.
Неговиот прекар бил „Кинг Конг“ заради начинот на кој го слави секој негов гол - удирајќи се со тупаниците во градите, имитирајќи ја познатата кинематографска икона -: ликување по неговиот гол што донел победа во дербито на Торино на 7 март 2009 година.
Клупска кариера Ливорно Кјелини ја започнал својата кариера во , приклучувајќи му се на клубот на возраст од само 6 години. Тој играл во младинските категории на клубот меѓу 1990 и 2000 година, пред да биде повикан да настапува за првиот тим во Серија Ц1 во сезоната 2000-2001. Своето професионално деби го направил на 14 јануари 2001, во победата со 2-0 над Алесандрија на домашен терен. Во првата сезона со првиот тим, Кјелини забележал три настапи и додал уште пет во следната сезона.
Во јуни 2002 година, тој потпишал за во договор за ко-сопственост, за 3,1 милиони евра, (според кој Марко Амелија, отишол во спротивна насока, за 2,8 милиони евра). Сепак, тој останал во Ливорно на заем за сезоната 2002–2003 во Серија Б, откако тие избориле промоција. Во неговата прва сезона во Серија Б, Кјелини направил шест настапи, и исто така дебитирал во Купот на Италија. Откако во летото клубовите се договориле тој да остане во Ливорно уште една сезона, Кјелини го направил својот пробив во почетната постава на клубот и забележал 42 настапи и 4 гола, главно играјќи на позицијата лев бек.
Во јуни 2004, Ливорно го откупил договорот на Кјелини за 3 милиони евра, пред да го продаде на за 6,5 милиони евра истото лето.
Вкупно за Ливорно, Кјелини одиграл 57 натпревари и постигнал 4 гола.
Фјорентина По потпишувањето на договорот со , клубот од Торино и го позајмил Кјелини на Фјорентина за следната сезона. Со виолетовите тој дебитирал во Серија А, на 12 септември 2004 во натпреварот - Фјорентина 1-0. Во Фиренца тој веднаш се утврдил како почетен лев бек, и неговите настапи биле толку многу импресивни што го добил првиот повик во репрезентацијата од селекторот Марчело Липи, дебитирајќи на 17 ноември истата година. На 31 октомври 2004, Кјелини го постигнал својот прв гол во Серија А во кариерата во победата со 4-0 над на Артемио Франки. На 9 април 2005, Кјелини постигнал гол против својот матичен клуб Јувентус во ремито 3-3.
Кјелини одиграл одлична сезона во Фиренца, забележувајќи 42 настапи во двете натпреварувања (првенството и купот) на кој постигнал и 3 гола, а притоа му помогнал на клубот да обезбеди опстанок во лигата во последното коло од првенството.
Јувентус 2005-2011 После одличната дебитантска сезона во Серија А со Фјорентина, тој се вратил во Јувентус на Фабио Капело за сезоната 2005-2006. Дебитирал за бјанконерите на 15 октомври 2005 на Деле Алпи во победата со 1-0 над Месина во првенството, заменувајќи го Павел Недвед во 74-тата минута од натпреварот. Три дена подоцна го имал своето деби во европските натпреварувања, влегувајќи како замена на полувремето во натпреварот против во Лигата на шампионите што завршил со резултат 2-1 за баварците. Кјелини одиграл 23 натпревари во својата прва сезона во Јувентус, помагајќи му на клубот да го освои скудетото кое подоцна на клубот му е одземено по настаните од Калчополи, додека Јувентус бил казнет со исфрлување во Серија Б.
Toj останал во Торино и за сезоната 2006-2007 во Серија Б, и е промовиран и покрај младата возраст, меѓу неколкуте референтни точки околу кои може да се реконструира Старата дама, лишена од многу од нејзините "големи имиња" во летото 2006. Под водство на тренерот Дидје Дешам тој стекнал постојано место во почетната постава, а повремено започнал да игра на позицијата која подоцна ќе стане негова главна, онаа на централен одбранбен играч играјќи како партнер на Никола Легротаље, Жан-Алан Бумсонг и Роберт Ковач во различни периоди од сезоната. Тој го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус во Купот на Италија против . Во лигата тој постигнал 3 гола, вклучувајќи ги и двата на теренот на во 39-тото коло од сезоната во кое бјанконерите победиле со 5-1 и математички избориле промоција во Серија А.
По враќањето на Јувентус во Серија А во сезоната 2007-2008, Кјелини повторно се вратил на позицијата лев бек. На 2 септември 2007 година, го постигнал својот прв гол за бјанконерите во Серија А во натпреварот - Јувентус 2-3 во второто коло од првенството. Сепак, по повредата на Жорже Андраде тој повторно бил преместен во центарот на одбраната, како партнер на Никола Легротаље. Токму тие двајца биле клучот на успехот за Јувентус да ја заврши сезоната со втора најдобра одбрана во лигата. На 27 април 2008, Кјелини постигнал два гола за Јувентус во победата со 5-2 над , што на клубот му обезбедила пласман во топ 4 на крајот од првенството. La Juventus torna tra le grandi corrieredellasera.it По завршувањето на сезоната, на 26 јуни 2008, Кјелини го продолжил својот договор со Јувентус до 2013 година. Chiellini: «Felice per il rinnovo» corrieredellosport.it
thumb|Кјелини за време на натпреварот од Серија А 2008-2009 против . За време на сезоната 2008-2009, Кјелини останал прв избор во центрот на одбраната заедно со Легротаље. На 13 август 2008 го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања кога Јуве ја совладал Артмедија Петржалка со 4-0 во првиот натпревар од трета квалификациска рунда на Лигата на шампионите. Juve, una passeggiata Artmedia steso per 4–0 gazzetta.it Четири дена подоцна, тој го повредил левото колено за време на Трофео Лујџи Берлускони против и го пропуштил почетокот на сезоната во Серија А, Chiellini infortunato: legamenti ko? corrieredellosport.it враќајќи се во септември за натпреварот на домашен терен против (завршил 1-0 за Јувентус). На крајот на годината, тој бил прогласен за Серија А Одбранбен играч на годината за 2008 година на годишната церемонија на доделувањето на наградите Оскар дел Калчо. На 10 март 2009 година, Кјелини бил исклучен поради добивање на втор жолт картон за време на реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против во Торино, по кој Јувентус бил елиминиран со вкупен резултат 2-3
Следните две сезони (2009-2010 и 2010-2011) биле многу разочарувачки за Јувентус, завршувајќи на седмото место во лигата двапати по ред; сепак, во овие две години Кјелини созрева и го консолидирал своето место меѓу водачите во клубот, зад иконите Дел Пјеро и Буфон. За време на првиот дел од сезоната 2010-2011, Кјелини играл во центарот на одбраната како партнер на новодојдениот Леонардо Бонучи; сепак со доаѓањето на Андреја Барцаљи во зимскиот преоден рок, Кјелини во некој натпревари бил вратен на позицијата лев бек овозможувајќи место во центарот на одбраната за двојката Бонучи-Барцаљи.
2011-2020; девет скудета по ред