300px|мини|десно|Батиметриска карта на Келтското Море и Бискајскиот Залив. Келтско Море (англ. Celtic Sea, ирск. An Mhuir Cheilteach, велш. Y Môr Celtaidd, корн. An Mor Keltek, брет. Ar Mor Keltiek, фр. La Mer Celtique) — дел од Атлантскиот Океан кај јужното крајбрежје на Ирска. На исток се граничи со Светигеоргиевиот Проток, Бристолскиот Залив, протокот Ламанш и Бискајскиот Залив, како и соседните делови од Велс, Корнвол, Девон и Бретања. Јужната и западната граница ја образува континенталната плоча која нагло се спушта надолу.
Граници Келтското Море нема земјишни облици кои би го делеле од Атлантскиот Океан на југ и запад. За оваа цел, Холт предложил морска контура од 200 фата (366 м) и островот Уесан (Ушант) кај врвот на Бретања.
Границите усвоени во 1974 од Кралската морнарица гласат: „се граничи приближно со линиите што ги поврзуваат Уесан, Лендс Енд, ‘ртот Хартланд, островот Ланди, ‘ртот Сент Гованс и Рослер, па оттаму го следат ирското крајбрежје јужно до ‘ртот Мизен, а потоа долж 200-метарскиот изобат до приближно географската ширина на Уесан.“
Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Келтското Море се следниве: На север. Јужната граница на Ирското Море [линија што ги поврзува ‘ртовите Св. Давид и Карнсор], јужното крајбрежеј на Ирска, потоа линија повлечена од ‘ртот Мизен до местоположбата . <p>На запад и југ. Линија од местоположбата јужно до 49° СГШ, потоа до 46°30' СГШ на западната граница на Бискајскиот Залив [линија што ги поврзува ‘ртовите Ортегал и Панмарш] и така долж линијата сè до самиот ‘рт Панмарш. <p>На исток. Западната граница на Ламанш [линија што го поврзува островот Вјерж со ‘ртот Лендс Енд] и западната граница на Бристолскиот Залив [линија што ги поврзува ‘ртовите Хартланд и Сент Гованс].
Поврзано Ирско Море
Наводи
Надворешни врски
Коколити во Келтското Море : расцут на фитопланктони во Келтското Море видлив од вселената (4 јуни 2001)
Категорија:Географија на Ирска Категорија:Географија на Обединетото Кралство Категорија:Британски Острови Категорија:Мориња во Европа Категорија:Мориња во Франција Категорија:Мориња во Обединетото Кралство Категорија:Мориња во Ирска