Дињ ле Бен (порано само Дињ (; или Digno) — град и општина во Франција, административен центар (префектура) на департманот Горнопровансалски Алпи.
Историја Дињ ле Бен како населено место датира од неолитот, а во римско време станува трговско место. Оттогаш па наваму, општината е главен центар во трговијата со лаванда.
Географија Низ градот тече реката Блеона. Течејќи југозападно, реката образува дел од североисточната и југозападната граница на општината.
Занимливости Дејството во романот „Клетници“ од Виктор Иго започнува во Дињ. По градот е именуван астероидот 10088 Дињ.
Знаменитости Дињска катедрала Ботаничка градина на Кордиљерите
Збратимени градови Бад Мергентхајм, Германија Боргоманеро, Италија
Познати личности Ален Богосјан - фудбалер Пјер Гасенди - филозоф, научник, астроном/астролог Александра Давид-Нел, истражувач, духовник, писателка Алфонс Бо де Роша - инмженер
Поврзано Општини во Горнопровансалските Алпи
Наводи INSEE
Надворешни врски
Страница на градскиот совет Страница на туристичката служба Карта и информации
Категорија:Општини во Горнопровансалските Алпи Категорија:Префектури во Франција Категорија:Градови во Франција