Еди Ирвајн (роден на 10 ноември 1965) е поранешен возач на Формула 1. Својата кариера ја започнал во 1983 година, како возач во Формула Форд. Во 1988 година се натпреварувал во Формула 3, а во периодот од 1989 до 1993 година во Ф3000 во Европа и Јапонија.
Своето деби во Формула 1 го имал во 1993 година. Во текот на својата кариера во Формула 1, тој бил возач на Џордан, Ферари и Јагуар.
Својата кариера ја завршил во 2002 година.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Северноирски возачи на Формула 1 Категорија:Возачи на Ферари во Формула 1 Категорија:Возачи на Џордан во Формула 1 Категорија:Родени во 1965 година