Анри Клеменс ван де Велде (фламански: Henry Clemens Van de Velde, 3 април 1863, Антверпен - 25 октомври 1957) — белгиски фламански сликар, архитект, дизајнер на ентериер и професор. Заедно со Виктор Орта и Паул Ханкар може да се смета за еден од главните основачи и претставници на стилот ар нуво (правец познат и по името сецесија) во Белгија. Ван де Велде најважниот дел од својата кариера го поминал во Германија и се смета дека имал одлучно влијание на германската архитектура и дизајн на почетокот на 20 век. Одиграл важна улога во германскиот Веркбунд (Deutscher Werkbund) и во Баухаус (во Вајмар). Од 1926 до 1936 бил професор на универзитетот во Гент.

Галерија

Наводи

Категорија:Холандски архитекти Категорија:Луѓе од Антверпен Категорија:Починати во Цирих Категорија:Родени во 1863 година Категорија:Починати во 1957 година