Д-р Стоја Поп-Атанасова е родена во 1948 година во Рожен, пиринскиот дел на Македонија. Била истакнат македонист. Завршила Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, група македонски јазик со историја на книжевностите на народите на СФРЈ, последипломски студии „Лингвистичка анализа на Битолскиот триод“, Скопје 1991, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје, и одбранила докторска дисертација на тема „Лексиката на македонската црковна поезија“, Скопје 1999, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Творештво

Најзините интереси се на теми од областите на палеославистика, историска лексикологија и лексикографија. Автор е на повеќе статии во списанија, зборници, монографии. Учествува во авторските колективи на разни научноистражувачки проекти.

Била член на редакцијата на списанието „Македонски јазик“ (2003-2009) и член на редакцијата на списанието „Македонистика“ (2003-2009), како и член во Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” (2005-2009)

Надворешни врски Кратка биографија на мрежното место на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Поврзано Македонистика Список на македонисти Македонски јазик

Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Луѓе од Рожен Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски слависти Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски македонисти Категорија:Југословенски слависти Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“