Петар Ширилов ( во — во ) — македонски раскажувач, романописец и книжевен критичар.
Животопис
Завршил средно земјоделско училиште во Струмица, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.
Работел во културната рубрика Радио Скопје, а потоа бил уредник во весникот „Трудбеник“. Бил член на редакцијата на „Современост“.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1964 година.
„И покрај тоа што критиката не му беше особено наклонета, Ширилов остави незаборавни страници во македонската литература“ - забележал Георги Сталев во книгата Последниве сто години македонска книжевност.
Книжевно творештво
Дел од делата на Ширилов се следниве:
За детството и светулките (раскази, 1961) Заветрина спроти виулицата (роман, 1962) Плачат оние планини за мене (роман, 1965) Светогорци (роман, 1966) Бунт во каменот (раскази, 1966) Од болот до метафората (есеи, 1971) Црноборје (роман, 1972) Историја и револуција (огледи и студии, 1973) Мислата и делото на Димитар Митрев (монографија, 1974) Земја во дулбија (роман, 1976) Света шума (роман, 1978) Геометри (раскази, 1988)
Наводи
Категорија:Луѓе од Горничево Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски уредници Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Деца бегалци