Караѓорге Петровиќ (српски: Ђорђе Петровић, Карађорђе или Đorđe Petrović, Karađorđe) бил српски вожд и основоположник на Династија Караѓорѓевиќи од Србија.
Биографија мини|лево|Битка кај Мишар Најверојатно е роден на 16 ноември 1762 година во Вишевац, денешна Србија. Тој бил водач на Првото српско востание, кое било насочено против Османлиското Царство. Во 1814 година во Букурешт бил потпишан договор според кој на српскиот народ требало да му се даде автономија. Но, договорот никогаш не бил спроведен во дело. Така, во 1813 година, востанието било задушено и повторно била воспоставена целосна османлиска власт.
Оваа востание претходело на т.н. Второ српско востание кое избувнало во 1815 година, кое придонело до создавање на модерна Србија. Во 1817 година, од соседната Австроунгарија Караѓорѓе дошол во Србија, каде се сретнал со Милош Обреновиќ и се договориле заедно да дејствуваат. Сепак, кнезот Милош не си го одржал зборот, па наредил тој да биде убиен во ноќта помеѓу 13 и 14 јули 1817 година во селото Радоване, Смедеревско. Така, по создавањето на државата започнало и соперништвото помеѓу двата српски востаници околу тоа кој да го заземе српскиот престол.
Караѓорѓе како тема во уметноста „Посветувањето на Црниот Ѓорѓе“ (српски: Посвећивање Црнога Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 116. „Црниот Ѓорѓе“ (српски: Црни Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 117. „Смртта на Црниот Ѓорѓе“ (српски: Смрт Црнога Ђорђа) - песна на српскиот поет Васко Попа.Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 120. „На ќерката на Караѓорѓе“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 61. „Песна за Црниот Ѓорѓе“ — песна на Пушкин од 1834 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 269-270.
Наводи
Караѓорѓе Категорија:Српско благородништво Категорија:Православни христијани од Србија Категорија:Срби од 18 век Категорија:Луѓе од Првото српско востание Категорија:Родени во 1768 година Категорија:Починати во 1817 година