Катерина, Принцеза од Велс (родена како Кетрин Елизабет Мидлтон на 9 јануари 1982 година, позната како Кејт) — сопруга на британскиот престолонаследник Вилијам, Принц од Велс.

Катерина е родена во Рединг, а детството го поминала во Чејпл Ров во Баклбери, село во близина на Беркшир, Англија. Таа студирала во Шкотска на универзитетот Св. Ендрјус каде го запознала принцот Вилијам во 2001 година. Тие започнале романтична врска и таа продолжила до 2007 година кога раскинале неколку месеци. Сепак, тие продолжиле да бидат пријатели и ја разгореле нивната врска подоцна истата година.

Пред венчавката, Катерина присуствувала на повеќе кралски настани. Кога нивната врска станала позната во јавноста, Катерина добила големо внимание од медиумите и се шпекулирало дека таа и Вилијам ќе се венчаат. Нивната веридба била објавена на 16 ноември 2010 година, а тие се венчале на 29 април 2011 година во Вестминистерската опатија. По стекнувањето на неколку титули, станала и принцеза од Велс кога нејзиниот сопруг станал престолонаследник и ја добил еквивалентната титула.

Животопис thumb|десно|Родителите на Катерина, Мајкл и Кетрин Мидлтон

Катерина е родена во Рединг на 9 јануари 1982 во богато семејство од средна класа, а крстена на 20 јуни 1982 година во Св. Ендрус Бредфилд, во Беркшир. Таа е најстарото дете од трите деца на Керол Елизабет Мидлтон (моминско Голдсмит), поранешна стјуардеса а сега партнер во приватната компанија Додатоци за забава (Party Pieces) која што има проценета вредност од 30 милиони фунти и Мајкл Френсис Мидлтон, кој исто така работел како стјуард пред да стане пилот за авионската компанија Бритиш Ервејс, а сега сопственик на компанијата Додатоци за забава. Нејзините родители се венчале на 21 јуни 1980 година во Парохиската црква во Дорни, Бакингамшир, а во 1987 година ја основале компанијата за производство и продажба на производи и украси за забави. Катерина има сестра, Филипа Шарлот, позната како Пипа (родена во 1983 година) и брат Џејмс Мидлтон (роден во 1987 година). Семејството се пожалило дека Пипа и мајка и биле вознемирувани од страна на медиумите откако почнале ангажманите на Катерина.

Семејството на татко и потекнува од Лидс, западен Радинг од Јоркшир, а нејзината прабаба била член на семејството Луптон кои биле со генерации активни трговци во Лидс. Нејзиниот прадедо е свештеникот Томас Дејвис кој ја напишал химната на англиската црква. Семејството на Керол, Харисонови, биле работничка класа и рудари од Сандерланд и Конти Дурхам. Нејзиното татковско семејство имало финансиска корист од фондовите; нејзините прабаба и прадедо Ноел и Олив Мидлтон биле домаќини на членовите на британското кралско семејство во 1920-тите до 1940-тите. Нејзиното мајчинско семејство потекнува од рудари за јаглен и е опишано како работничка класа.

Родителите на Катерина живееле во Аман, Јордан, од мај 1984 година до септември 1986 година, бидејќи таму работеле за компанијата Бритиш Ервејс. Таму Катерина посетувала училиште за предшколска возраст на англиски јазик, пред да се врати дома во Беркшир. По нејзиното враќање од Аман, таа се школувала во колеџот Свети Андреј во близина на селото Пангбоурн во Беркшир а потоа кратко во училиштето Довн Хаус. Таа живеела на интернатот во колеџот Марлборо, ко-образовен интернат во Вилтшир, каде што покажала талент во спортот и била капитен на тимот за хокеј на трева за девојки. Додека го посетувала училиштето, ѝ била доделена златна награда од војводата од Единбург. Таа, исто така, била подложена на операција на левата страна од главата, наводно за отстранување на грутка, во истиот период.

И покрај тоа што и било понудено место на Универзитетот во Единбург, Мидлтон зела празнина година, студирајќи на Британскиот институт во Фиренца во Италија и патувала во Чиле за да учествува на програмата Raleigh International. Таа работела на палубата во пристаништето Саутемптон во летото пред универзитетот. Таа потоа се запишала на Универзитетот Сент Ендрјус во Фајф, Шкотска, каде првично студирала психологија пред да се фокусира исклучиво на историјата на уметноста. За време на студиите работела со скратено работно време како келнерка. Мидлтон била активен член на Клубот Лумсден, кој одржувал собирачи на средства и проекти во заедницата секоја година. Во 2005 година дипломирала на Универзитетот во Сент Ендрјус со додипломски магистер (2:1 Hons) по историја на уметност.

Личен живот Врската со принцот Вилијам

Во 2001 година Мидлтон го запознала принцот Вилијам додека биле студенти во резиденцијата во салата Сент Салватор на Универзитетот во Сент Ендрус. Таа наводно го привлекла вниманието на Вилијам на добротворна модна ревија на универзитетот во 2002 година кога се појавила на сцената облечена во проѕирен фустан од тантела. Двојката почнала да се забавува во 2003 година. Во текот на нивната втора година, Мидлтон делела стан со Вилијам и уште двајца пријатели. Од 2003 до 2005 година, и двајцата престојувале во куќата Балгове на имотот Стратирум со двајца цимери. Во 2004 година, парот накратко се разделил, но подоцна ја обновил нивната врска.

По нејзиното дипломирање, Мидлтон и нејзиното семејство се соочиле со интензивна контрола на таблоидите поради нејзината врска со Вилијам. Во ноември 2006 година, таа започнала со скратено работно време за дванаесет месеци како купувач на додатоци со синџирот облека Jigsaw. Таа исто така работела како проект менаџер во семејниот бизнис, каде што била одговорна за веб-страницата и каталогот.

Статусот на Кејт како неофицијална девојка на Вилијам привлекла големо внимание од страна на медиумите во Британија и надвор и таа често била фотографирана за време на нејзините денски прошетки. На 17 октомври 2005 година, таа со нејзиниот адвокат се пожалиле за вознемирување од страна на медиумите тврдејќи дека таа нема ништо значајно направено за да го одобри големиот публицитет. Во февруари 2006 година, било објавено дека кралското семејство ќе ѝ одобри на Катерина 24 часовно обезбедување. Ова ги разгорело понатамошните шпекулирања дека таа и Вилијам наскоро ќе се венчаат, инаку таа не би имала право на оваа услуга.

Мидлтон присуствувала на парадата на Вилијам во Кралската воена академија Сендхерст во декември 2006 година.

Раскинување и помирување На 14 април 2007 година, весникот „Сан“ објавил екслузивна вест дека принцот Вилијам и Кејт раскинале. Другите медиуми, како што е Би-би-си, во текот на денот ја потврдиле оваа приказна. Кејт и Вилијам решиле да раскинат за време на одморот во швајцарското одморалиште Цермат. Според Тајмс, Кларенс Хаус дал само една изјава за крајот на врската наведувајќи: „ние не коментираме за приватниот живот на принцот Вилијам“. Весниците претпоставувале кои се причините за раскинувањето, иако овие извештаи се потпираале врз непознати извори.

Во весникот Сан близок пријател на Кејт и Вилијам изјавил дека Катерина се чувствувала запоставено од страна на Вилијам. Весникот наведувал извештаи дека Вилијам поминувал време со други девојки и дека тој, на 24 години за време на раскинувањето, се чувствувал премногу млад за да се жени. Извештај во „Дејли Мејл“ на ја одобрува желбата на кралските дворјани „да не брза“ со објавувањето на венчавката и желбата на Вилијам да ужива во неговиот статус на ерген во воената кариера. „Мејл“ исто така напишал дека пријател на Вилијам го охрабрувал принцот да заземе „безгрижен став“ за врската. Во истата статија било наведено дека Катерина „поминала многу време“ чекајќи го принцот да ја докаже неговата одговорност кон неа.

Во јуни 2007 година, Катерина и Вилијам тврделе дека биле „само добри пријатели“. Таа и нејзиното семејство присуствувале на концертот за Дијана на стадионот Вембли, каде таа и Вилијам биле два реда оддалечени. Потоа, Кејт и Вилијам биле забележани заедно во јавност на неколку настани и неколку извори на вести, вклучувајќи ги БиБиСи и Дејли Меил, тврделе дека тие „повторно ја разгореа нивната врската“. Катерина исто така ги придружувала Вилијам и Чарлс на походот лов на елени во Балморал.

Во мај 2008 година, Мидлтон присуствувала на венчавката на братучедот на Вилијам, Питер Филипс со Аутмун Кели, и се сретнала со кралицата Елизабета за прв пат.

Мидлтон, исто така, присуствувала на поворката Орден на жартиера во замокот Виндзор во јуни 2008 година, каде што Вилијам бил прогласен за кралски витез на жартиерата. Во јуни 2010 година, парот се преселил во куќа на имотот Бодорган во Англеси, Велс, каде Вилијам престојувал за време на неговата обука за пребарување и спасување на РАФ и последователна кариера. Пред нејзиниот брак, Мидлтон живеела со нејзината сестра Пипа во стан во сопственост на нивните родители во Челси, Лондон.

Венчавката и свадбата

Мидлтон и Вилијам се вериле во октомври 2010 година, во оддалечена алпска кабина на планината Кенија за време на десетдневното патување во резерватот за заштитата на дивиот свет „Лева“ за да го прослават завршувањто на военот курс на Вилијам. Кларенс Хаус ја објавил свршувачката на 16 ноември истата година. Вилијам и го подарил свршеничкиот прстен што и припаѓал на неговата мајка Дијана, принцезата од Велс. Мидлтон била миропомазана во Англиската црква на 10 март во палатата Свети Јаков од страна на бискупот од Лондон, во присуство на нејзиното семејство и Вилијам.

Двојката се венчала на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија на Денот на Света Катерина. Денот бил прогласен за банкарски празник во Обединетото Кралство. Проценките на глобалната публика за свадбата се движеле околу 300 милиони или повеќе, додека 26 милиони го следеле настанот во живо само во Британија. Нејзиниот венчален фустан бил дизајниран од Сара Бартон во Alexander McQueen. Катерина била стилизирана како „Нејзиното кралско височество Војвотката од Кембриџ“. На брачната двојка им била дадена селската куќа Анмер Хол, во куќата Сандрингем, како свадбен подарок од кралицата. По нивниот брак во 2011 година, парот ја користел Нотингем Котиџ како нивна резиденција во Лондон. Тие се преселиле во четирикатниот стан 1А со 20 соби во Кензингтонската палата во 2013 година. Реновирањето траело 18 месеци по цена од 4,5 милиони фунти. Кенсингтонската палата станала главна резиденција на Вилијам и Катерина во 2017 година. Двојката и нивните деца официјално се преселиле во Колибата Аделаида во Виндзор во септември 2022 година.

Во декември 2012 година, палатата Сент Џејмс објавила дека Катерина е бремена со своето прво дете. Објавата била објавена порано во бременоста отколку што е вообичаено, бидејќи таа била примена во болницата на кралот Едвард VII, боледувала од хиперемезис гравидарум, тешка форма на утринска мачнина. Таа го родила принцот Џорџ во болницата Света Марија, Лондон, во јули 2013 година. Тешката утринска мачнина се вратила со следните бремености, принудувајќи ја Катерина да ги откаже своите официјални ангажмани. Таа ја родила принцезата Шарлота во мај 2015 година и принцот Луис во април 2018 година. Џорџ, Шарлот и Луис станале соодветно трети, четврти и петти во линијата на наследување на британскиот престол во времето на нивното раѓање. По смртта на кралицата Елизабета II, тие станале втори, трети и четврти во редот за престолот. Вилијам и Катерина поседуваат два англиски кокер шпаниели, по име Лупо и Орла.

Здравје

Кензингтонската палата во јануари 2024 година објавила дека Катерина била подложена на планирана абдоминална операција поради неоткриена здравствена состојба во Лондонската клиника. Таа ги одложила сите нејзини јавни ангажмани и должности до март истата година. Последователните шпекулации за нејзиното отсуство од јавноста поттикнале различни теории на заговор за нејзиното здравје и привлекле големо медиумско внимание. Шпекулациите во голема мера започнале откако Вилијам се повлекол од „службата за благодарност“ на неговиот кум, Константин II од Грција, каде што требал да зборува, наведувајќи неоткриена „лична работа“.