Анатомско терапевтско хемиски систем на класификација () или АТХ — систем за групирање на лековите. Овој систем го регулира Соработниот центар за методологија на статистиката на лековите при СЗО (WHOCC), и за првпат е објавен во 1976 г.

Системот за класификација ги дели лековите во различни групи според органот или системот врз кој тие делуваат и нивните терапевтски и хемиски одлики. Секој целосен ATC код се однесува само на една индикација (или употреба) на фармацевтски употребена супстанца. Ова значи дека еден лек може да има повеќе од еден код: ацетилсалицилна киселина (аспирин), на пример, има како лек за локална орална терапија, како инхибитор на тромбоцити, и како аналгетик и антипиретик. Од друга страна пак, неколку различни препарати на готови лекови имаат ист код ако тие содржат иста активна супстанца и имаат исти индикации.

Класификација Според овој систем, лековите се класифицирани во групи според пет различни нивоа:

Прво ниво Првото ниво од кодот укажува на главната анатомска група на која дејствува лекот и се состои од една буква. Постојат 14 главни групи:

КодСодржина A Систем за варење и метаболизам B Крв и крвотворни органи C Кардиоваскуларен систем D Кожа и поткожно ткиво G Урогенитален систем и полови хормони H Хормонски препарати за системска примена, освен полови хормони и инсулин J Антиинфективни лекови за системска употреба L Антинеопластици и имуномодулатори M Мускулно-скелетен систем N Нервен систем P Антипаразитни производи, инсектицид и средства за заштита од инсекти R Респираторен систем S Сетилни органи V Разно

Второ ниво Второто ниво од кодот укажува на главната терапевтска група на лекот и се состои од две цифри.

Пример: C03 Диуретици

Трето ниво Третото ниво од кодот укажува на терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква.

Пример: C03C Јаки диуретици

Четврто ниво Четвртото ниво од кодот укажува на хемиската/терапевтската/фармаколошката подгрупа и се состои од една буква.

Пример: C03CA Сулфонамиди

Петто ниво Петтото ниво од кодот укажува на хемиската супстанца и се состои од две цифри.

Пример: C03CA01 Фуросемид

ATCvet Анатомско Терапевтско Хемискиот Систем за Класификација на ветеринарно-медицинските производи (АТХ вет) () се користи за класифицирање на ветеринарни лекови. ATCvet кодовите можат да бидат создадени со ставање на буквата Q пред ATC кодот на повеќето човечки лекови. На пример, фуросемидот за ветеринарна употреба го има кодот QC03CA01.

Некои кодови се исклучиво за ветеринарни лекови, како QI Имунолошки лекови, QJ51 Антибактериски лекови за апликација во виме или QN05AX90 амперозид.

Наводи

Категорија:Лекови