Ермис Лафазановски (8 декември 1961, Клуж, Романија) ― македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на книжевноста.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 138.

Животопис Ермис Лафазановски е роден на 8 декември 1961 година во Клуж, СР Романија. Тој е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје при што бил и негов директор. Тој станал член на Друштвото на писталите на Македонија во 1994 година."Промоција на нов роман од Лафазановски", Дневник, година XVI, број 5028, петок, 30 ноември 2012, стр. 21. На 17 декември 2014 година, Лафазановски бил избран за претседател на Македонскиот ПЕН центар.„Ермис Лафазановски -претседател на македонскиот ПЕН“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 23.

Книжевно творештво Лафазановски има објавено повеќе трудови од областа на книжевноста и културната антропологија. Исто така, тој има дадено значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, тој е добитник на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале Попов“ на ДПМ, и Наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува фондацијата „Македонија презент“. Неговиот книжевен опус се состои од повеќе романи, збирки раскази и научни студии. Негови поважни дела се: Половина божилак (раскази, 1992) Традиција, нарација, литература (монографија, 1996) Благородник (роман, 1997) Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999) Македонските космогониски легенди (студија, 2000) Текст и менталитет (зборник, 2000) Опишувач (Магор, 2001) Анрополошки дијалози (Магор, 2002) Роман за Оружјето (2003) Храпешко (2007) Егзотична кантата (2008) Недела (2010) Историја на луѓето кои умреа од страв (Магор, 2012) Туја (2018)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 143-146.

Наводи

Надворешни врски Животопис на Институтот за фолклор

Категорија:Луѓе од Клуж-Напока Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“