Владимир Пешевски ( во Скопје) — македонски политичар и вицепремиер за економски прашања на Владата на Република Македонија во периодот 2009–2017.

Животопис Во 1993 година дипломирал на електротехнички факултет во Скопје, на насока енергетика. По завршувањето, тој се запишал и на магистарски степен на обука. Во 2001 година завршил магистратура по деловна администрација на универзитетот од Шефилд, Англија – програма на Градскиот колеџ во Солун.

Веднаш по неговото дипломирање, во 1993 година, тој започнал научно истражувачка кариера. Како асистент во Истражувачкиот центар за нови технологии при Македонска академија на науки и уметности работи на проекти од областа на енергетиката, со акцент на енергетски стратегии, дистрибутивни системи за електрична енергија, обновливи извори на енергија и заштита на човековата средина. Од 1996 година работи при проект на УСАИД како консултант за стратешки менаџмент и финансии давајќи консултантски услуги на преку 50 македонски претпријатија. Во 1998 година, тој станал генерален директор на СЕАФ Македонија и успешно раководил со овој меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции со фокус на приватни компании од Македонија. Во 2006 година ја презел функцијата генерален директор и партнер на СЕАФ Фондот за Јужен Балкан.

Неговото богато професионално искуство го надополнуваат и членувањето во првиот избран состав на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија, членувањето во Националниот совет за конкурентност и претприемништво, како и својството предавач по предметот Стратешки менаџмент во периодот 2004-2006 г.на магистерските студии на Универзитетот од Шефилд (програма на Градскиот колеџ во Солун).

Од јули 2009 до јуни 2017 година бил на функција вицепремиер задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија. Говори англиски, руски и словенски јазици од балканскиот регион. Оженет, татко на три деца.

Наводи

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Македонски министри Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Апсолвенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје Категорија:Магистри на Шефилдскиот универзитет