Михаил или Михалис Анагностакос (Μιχαήλ, Μιχάλης Αναγνωστάκος), познат како капетан Матапас (Καπετάν Ματαπάς), е грчки офицер и деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
Михаил Анагностакос е роден во селото Харија, областа Мани, Пелопонес, Грција. Достигнал висок чин лајтант на артилеријата во грчка армија, а од 1905 година го раководи андарсткото движење во областа Меглен, Македонија. До почетокот на 1906 година се криел во Ошинскиот манастир, а потоа се префрлил во реонот на Ениџевардарското Езеро.
Михаил се разболеле и се префрлил во реонот на Олимп и Катеринско во 1907 година. Таму се спротивставил на Романската пропаганда во Македонија и соработува со грчкиот митрополит Партениос Вардакас.
Во текот на Првата балканска војна тој раководел со разузнавачки одред и заедно со Александрос Занас го помогнал заземањето на Катерина. На 9 јули 1913 година бил убиен при битката на Лахна во Втората балканска војна gym-ritin.pie.sch.gr.
Извори
Анагностакос Михаил Категорија:Родени во 1878 година