Ламбринос Вранас (Λαμπρινός Βρανάς) е андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис

Вранас е роден во Каликратис на островот Крит. На 13 јули 1903 година ја минал грчко-турската граница и влегол во Македонија со чета која била екипирана од страна на Георгиос Цондос. Во оваа чета покрај Вранас влегле: Георгиос Перос, Евтимиос Каудис, Георгиос Диконимос, Георгиос Сејменис, Горгиос Зауридис, Георгиос Стратинакис, Енатратиос Бонатос, Маноусос Катунатос и Николаос Лукакис .

Оваа чета со помошта на грчкиот костурски митрополит Германос Каравангелис почнала да дејствува во Костурско и Леринско. По избувнувањето на Илинденското востание оваа андартска чета имала судир кај Клисура со чета на Македонската револуционерна организација, а подоцна учествувала во палењето на Косинец. Потоа сите Критјани со исклучок на загинатиот Георгиос Сејменис се повлекле од Македонија, но следната 1904 година повторно се вратиле Трайкова, Весела, „НАЧЕНКИ НА АНДАРСКОТО ДЕЛО В МАКЕДОНИЯ ­ КАРАВАНГЕЛИС, ЙОН ДРАГУМИС И ДЕСЕТИНАТА КРИТЯНИ“, списание "Македонски преглед", Година ХХІV, 2001, кн. 1, 45-60 с.

Ламбринос Вранас учствува во борбата кај Статица во која на 13 октомври 1904 година бил убиен Павлос Мелас.

На 17 мај 1905 година на патот за Мариово четата на Вранас била сочекана од турски аскер. Андартите сакале да се предадат но дошло до борба во која Вранас и речиси сета негова чета биле убиени, со исклучок на Антонис Цитурас кој ранет успеал да се засолни .

Извори

Вранас Ламбринос