Пимен (, ), роден како Сотир Илиевски — владика на МПЦ - ОА, митрополит на европската епархија.

Животопис Пимен е роден во Ресен во 1971 година. Уште како студент на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, кај него се родила желбата да отиде во манастир, па по завршување на трета година факултет, заминал во Водочкиот манастир во Струмица во 1997 година, каде и го добил монашкиот потстриг. Набрзо потоа, станал игумен на истиот манастир, период кога и вонредно го завршил Теолошкиот факултет. На предлог на Синодот на МПЦ, како Архимандрит, заминал во Париз во 2004 година, на последипломски студии на Факултетот „Св. Сергеј“, каде и ја извршувал парохиската служба во тамошната црковна општина. За време на студиите, г. Пимен бил хиротонисан, заедно со Методиј и Климент, при што станал викарен епископ Пољански и како таков е ракоположен на соборот на сите Македонски светии во октомври 2005 година во црквата „Св. Софија“ во Охрид. Најпосле на 6 април 2006, тој бил поставен за митрополит Европски, при што го преселил седиштето на епархијата во Малме, Шведска.

Како митрополит, по барање на некои дневни весници и интернет портали, тој пишувал и колумни секогаш со теолошка содржина и смисла.http://mpc.org.mk/vest.asp?id=4745

мини|лево|Од осветувањето на иконостасот во Неиве

Библиографија

Quod scripsi scripsi (2011) Патувајќи (Матица македонска, 2017)

Наводи

Надворешни врски Биографија на мрежното место на европската епархија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Ресен Категорија:Македонски колумнисти Категорија:Европски митрополити (МПЦ-ОА) Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“