мини|upright=1.6|Дадаистички уметници, групна фотографија, 1920, Париз. Одлево надесно, заден ред: Луј Арагон, Теодор Френкел, Пол Елијар, Клеман Пансер, Емануел Феј (само мал дел). Втор ред: Пол Дерме, Филип Супо, Жорж Рибмон-Десењ.Прв ред: Тристан Цара, (со монокл), Селин Арно, Франсис Пикабија, Андре Бретон. Дада или дадаизам — културно движење кое започнало во Цирих, Швајцарија во текот на Првата светска војна, а го достигнало својот врв помеѓу 1916-1922 година. Визуелната уметност, литературната поезија, уметничкиот проглас, теоријата на уметноста и театарот, графичкиот дизајн се примарни делови на ова движење кое се концентрира на антивоената политика со отфрлање на тогашните стандарди во уметноста и воспоставување на антиуметнички културни изработки. Целта била исмејување на сето она што нејзините учесници го сметаат за бесмислено во современиот свет. Дадаистичките уметници го изразувале своето незадоволство кон насилството, војната и национализмот и ги задржале политичките афинитети со радикалната политика на левичарската и крајно левичарската политика.Timothy Stroud, Emanuela Di Lallo, 'Art of the Twentieth Century: 1900–1919, the avant-garde movements', Volume 1 of Art of the Twentieth Century, Skyra, 2006, Дадаизмот покрај оваа антивоена цел бил антибуржоаски и анархистички настроен. The art of the movement began primarily as performance Раните центри за дадаизмот ги вклучиувале европските градови Цирих и Берлин. За неколку години, движењето се проширило во Њујорк и во различни уметнички центри во Европа и Азија.Francis M. Naumann, New York Dada, 1915–23 , Abrams, 1994, Mario de Micheli (2006). Las vanguardias artísticas del siglo XX. Alianza Forma. pp. 135–137.

Активистите на дадаизмот излегуваат на јавни собири, демонстрации и објавуваат статии во областа на литературата и уметноста. Темите во областа на уметноста, политиката и културата биле често дискутирани и широко опфатени во медиумите. Ова движење влијаело на подоцнежните стилови како авангарда, даунтаун музика и на групите вклучувајќи ги надреализам, неореализам, поп-арт, Флуксус и панк-рок.

Вовед „Премногу е идиотско за да биде шизофренично“ Карл Јунг за изработките на дадаизмот

Дадаизмот претставува неформално меѓународно движење со учесници од Европа и Северна Америка. Почетоците на дадаизмот се совпаѓаат со започнувањето на Првата светска војна. За многу учесници ова движење претставува протест против буржоаските националисти и интересите на колонистите, противници на културната и интелектуална сообразност како во уметноста така и во општеството, кои многу дадаисти ги сметаат за причинители на војната. Тие исто така веруваат дека начинот на размислување и логиката на буржоаското капиталистичко општество ги навело луѓето на војна. Дадаистите ја изразуваат нивната одбивност кон таа идеологија со уметноста која ја создаваат за да ја отфрлат таа логика и да го предизвикаат хаосот и нерационалноста. На пример, Џорџ Грос подоцна се отповикал на тоа дека неговата дадаистичка уметност била наменета за протест против светот и меѓусебното уништување.

Според противниците, дадаизмот не е уметност туку тоа е антиуметност. Сето она што претставувало уметност, за дадаизмот е спротивното. Доколку уметноста претставува естетика, дадаизмот ја игнорирал естетиката. Доколку со уметноста се побудуваат чувствата, намерата на дадистите била навредата. Дадаистите со нивната одбивност кон културата, традицијата и естетиката се стремеле за уништување на истата. Како што Хуго Бол рекол: „За нас уметноста не е самата крајност...туку можноста за вистинска перцепција и критика на времето во кое живееме.“ Критичар на американското списание American Art News напишал дека: „Филозофијата на дадаизмот е најболната, најпарализирачката, најдеструктивната работа која што некогаш произлегла од човечкиот мозок.“ Историјата на уметноста го опишува дадаизмот како сеприсутност, во голема мера реакција на она што повеќето уметници го сметале за ништо повеќе од умоболна претстава на колективно убиство.

Години подоцна дадаистите го опишуваат своето движење како феномен кој се раширил во текот на поствоената економска и морална криза како чудовиште кое опустошува се пред својот пат, систематски начин на уништување и деморализација. Но, на крајот не останало ништо друго туку само дело на богохулство.

Историја Дада произлегол од период на уметнички и литературни движења како футуризмот, кубизмот и експресионизмот; центрирани главно во Италија, Франција и Германија соодветно, во тие години. Меѓутоа, за разлика од претходните движења, дадаизмот можел да воспостави широка база на поддршка, што довело до движење кое било меѓународно по обем. Неговите приврзаници биле со седиште во градови низ целиот свет, вклучувајќи ги Њујорк, Цирих, Берлин, Париз и други. Постоеле регионални разлики како акцент на литературата во Цирих и политички протест во Берлин.

Цирих

Во 1916 година Хуго Бол, Еми Хенингс, Тристан Цара, Џин Арп, Марсел Јанко, Рихард Нуелсенбек, Софи Тајбер и Хабс Рихтер заедно со многу други расправале за уметноста и изведувале перформанси во кабарето „Волтер“ искажувајќи ја одвратноста кон војната и интересите кои ја инспирирале.

Некои извори велат дека дадистите се собрале во кабарето Волтер на 6 октомври а други пак велат дека дадизмот не потекнува од Цирих туку дека се издигнал од веќе жива уметничка традиција во Источна Европа, поточно во Романија кога група еврејски уметници модернисти (Цара, Јанко, Лулиу Лансу, Сегал и др.) отпатувале во Швајцарија односно во Цирих. Во текот на Првата светска војна ваква слична уметност веќе се развила во Букурешт и други европски градови. Веќе е и познато дека дадаистичката катализа е допатувањето во Цирих на уметниците како Цара и Јанко.

По напуштањето на Германија и Романија во текот на Првата светска војна уметниците се нашле во Швајцарија, замја позната по својата неутралност. Во овој простор на политичка непристрасност тие решиле да се борат со апстракност против социјалните, политичките и културни идеи на тоа време. Дадаистите веруваат дека овие идеи се производот на буржоаското општество кое толку рамнодушно се отповика на војна против себе наместо да остане статус-кво.

Кабарето ги затворило своите врати на почетокот на јули а подоцна Бол го прочитал првиот манифест на првиот јавен собир во салата Ваг на 14 јули 1916 година. Во 1918 Цара напишал и втор дадаистички манифест кој се смета за еден од најзначајните дадаистички трудови, по кое следеле и други манифести. Бол рекол дека маската и дизајните на костимите на Јанко, инспирирани од романската народна уметност, го направиле видлив „ужасот на нашето време, парализирачката позадина на настаните“.. Според Бол, настапите биле придружувани од „оркестар балалајка кој свирел прекрасни народни песни“. Честопати под влијание на африканската музика, аритмичките тапани и џезот биле вообичаени на собири на дадаистите.

Од списанието „Кабаре Волтер“ излегло едно и единствено издание. По затворањето на кабарето активностите се вршеле во нова галерија кога Хуго Бол ја напуштил Европа. Цара започнал со жестока кампања за да ја рашири идејата на дадаизмот. Тој ги „бомбардирал“ француските и италијанските уметници и писатели со писма. Цара се издигнал како водач на дадаистите а воедно и мајстор-стратег.

Кабарето Волтер повторно се отворило а денес сè уште се наоѓа на истото место на ул. „Шпигелгасе“бр. 1 во Нидердорф. Дадаистите во Цирих на чело со Цара издале уметничко и литературно списание „Дада“ во јули 1917 година и објавиле 5 изданија во Цирих а две во Париз. Други уметници, како Андре Бретон и Филип Супо, создале „книжевни групи за да помогнат во проширувањето на влијанието на Дадаизмот“.Europe of Cultures. "Tristan Tzara speaks of the Dada Movement" , September 6, 1963. Retrieved on July 2, 2015.

Со крајот на Првата светска војна во 1918 година повеќето од дадаистите од Цирих се вратиле во своите земји каде што продолжиле со активизмот на дадаизмот.

Берлин мини|Свечено отворање на првата изложба на Дадаисзмот: Меѓународен саем на дадаизмот, Берлин, 5 јуни 1920 година. Централната фигура што виси од таванот е ликот на германски офицер со свинска глава. Од лево кон десно: Раул Хаусман, Хана Хох (седи), Ото Бурчард, Јоханес Бадер, Виланд Херцфелде, Маргарет Херцфелде, д-р Оз (Ото Шмалхаузен), Џорџ Грос и Џон Хартфилд.World War I and Dada , Museum of Modern Art (MoMA).

Групите во Германија не биле строго антиарт како другите. Нивната активност била повеќе политичка и социјална со разорни манифести и пропаганди, сатира, јавни демонстрации и политички активности. Ова делумно се должело на близината на Берлин до фронтот. Спротивен ефект од Берлин е Њујорк каде движењето се ширело повеќе теоретски без политичка позадина поради нивното географско растојание.

Во февруари 1918 година Хулзенбек го одржал првиот говор за дадаизмот во Берлин а подоцна истата година напишал и нов манифест. Хана Хук и Георг Грос го искористиле дадаизмот за да ги искажат своите симпатии кон комунизмот во пост-воениот период. Грос заедно со Џон Хартфилд ја развил техниката на фотомонтажа во текот на овој период. Уметниците издале серија од краткотрајни политички списанија, го одржале првиот дадаистички саем но најголемите проекти биле зачнати во летото 1920 година . Покрај главните членови на берлинскиот дадаизам Грос, Раул Хаусман, Хук, Јоханес Баарглед, Хулзенбек и Хартфилд на изложбата учествувале и Ото Дикс, Франсис Пикабија, Џин Арп, Макс Ернст, Рудолф Шлихтер, Јоханес Баргелд и др. Севкупно биле изложени над 200 дела опкружени со провокациски слогани од кои некои од нив биле напишани на ѕидовите на нацистичката изложба на испревртена уметност во 1937 година. И покрај големиот број продадени карти изложбата била безуспешна со само едно продадено дело. Берлинската група издала месечници како што се: „Клуб Дада“, „Дер Дада“ и „Алманах Дада“.Dada, Dickermann, National Gallery of Art, Washington, 2006 p99

Келн Во Келн 1920 година Ернст, Баргелд и Арп поставиле контроверзна дадаистичка изложба фокусирана на бесмисленоста и анти-буржоаските мислења. Оваа пролетна изложба во Келн била поставена во паб каде што учесниците требале да поминат низ јавен тоалет додека била читана вулгарна поезија од жена облечена во фустан за причесна. Полицијата ја затворила изложбата поради непристојно однесување но била повторно отворена кога обвиненијата биле повлечни.

Њујорк

Исто како и во Цирих и Њујорк за време на Првата светска војна бил едно вакво засолниште за писателите и уметниците. Кратко по пристигнувањето во Франција во 1915 година Марсел Дишан и Франсис Пикабија се запознале со американскиот уметник Мен Реј. До 1916 година тројцата уметници биле во центарот на случувањата на оваа радикално анти-арт движење во Соединетите Американски Држави. Американката Беатрис Вуд им се приклучила ним заедно со Елза фон Фрејтаг- Лорингхофен и Артур Краван кои бегале од регрутацијата во Франција. Поголемиот дел од нивните активности се случувале во галеријата на Алфред Шпиглиц која исто така била дом и на Волтер и Луис Аренсберг.

Следбениците од Њујорк кои не биле особено организирани и не ги следеле манифестите ги нарекувале своите дела „Дада“. Предизвиците во уметноста и културата ги изнесувале во „Д блајнд Мен”, „Ронгронг” и „Њујорк Дада” каде што ја критикувале традиционалноста во музејската уметност. Во дадаизмот во Њујорк отсуствува европската разочараност а наместо тоа преовладува иронијата и хуморот.