Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ)' била меѓународна организација составена од шест нации, што служела да ја обедини Западна Европа за време на Студената војна и да создаде основа за современите текови на Европската Унија. ЕЗЈЧ беше првата организација заснована врз принципите на наднационалноста.
ЕЗЈЧ првпат била предложена од страна на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година, како начин да се спречи натамошната војна помеѓу Франција и Германија. Тој изјави дека неговата цел била „војната да се направи не само незамислива, туку и материјално невозможна.” Начинот да се направи тоа, првата Европска наднационална заедница, официјално беше основана со Договорот од Париз (1951 година), потпишан не само од страна на Франција и Западна Германија, но исто така и од Италија и трите држави на Бенелукс: Белгија, Луксембург и Холандија. Меѓу овие држави ЕЗЈЧ ќе создаде заеднички пазар за јаглен и челик. ЕЗЈЧ беше управувана од страна на „Врховниот орган”, надгледуван од страна на органи кои ги претставуваат владите, членовите на парламентите и независното судство.
ЕЗЈЧ била придружувана од две други слични заедници во 1957 година, со кои го делела своето членство и некои институции. Во 1967 година, сите нејзини институции се споија со таа на Европската економска заедница (ЕЕЗ, која подоцна стана дел од Европската Унија), но таа го задржа сопствениот независен идентитет. Сепак во 2002 година истече Договорот од Париз, и бидејќи немаше барање да се обнови договорот, сите активности и средства на ЕЗЈЧ биле опфатени од страна на Европската Економска Заедница. Во текот на своето постоење, ЕЗЈЧ успеа во создавањето на заеднички пазар, но не можеше да го спречи падот на индустриите за јаглен и челик. Таа сепак ја постави основата за идната Европска Унија.
Историја
Како премиер и министер за надворешни работи, Шуман беше од голема важност за одвраќањето на француската политика од гаулистичката политика на постојана окупација или контрола на делови од германската територија како Рурската или Сарската област. И покрај непопустливата ултра-националност, гаулистите и комунистичката опозиција, француското Собрание изгласа неколку одлуки во корист на својата нова политика за интегрирање на Германија во заедницата. Како последица на тоа се смени Меѓународната власт за Рурската област. Водечките принципи на Шуман беа морални, врз основа на еднаквост на државите (меѓународна демократија), а не врз политика за моќ и доминација.
Шумановата декларација
Шумановата декларација од 9. Мај 1950 година (подоцна познат како Ден на Европа) се случи по две средби на Кабинетот, предлогот стана француска владина политика. На тој начин, француската влада беше првата која се согласи да го сподели и зајакнува суверенитетот во една наднационална Заедница. Оваа одлука се заснова на текст, напишан и уреден од страна на пријателот и колега на Шуман, правникот од Министерството за надворешни работи, Паул Ројтер со помош на Жан Моне и шефот на кабинетот на Шуман, Бернард Клапиер. Тој изложи план за Европската заедница да ги здружи јагленот и челикот на нејзините членови во заеднички пазар.
Шуман предложи „француско-германското производство на јаглен и челик како целина да се стави под еден заеднички Врховен орган, во рамките на една организација отворена за учество на другите земји на Европа.” Таквиот чин беше наменет да го помогне економскиот раст и да го зацврсти мирот меѓу Франција и Германија, кои беа историски непријатели. Јагленот и челикот беа многу важни ресурси потребни за една земја да води војна, па здружувањето на овие ресурси меѓу такви непријатели беше повеќе од симболично. На одлуката на Француската влада за неговиот предлог, Шуман гледаше како на прв пример за демократска и наднационална Заедница, и нов развој во историјата на светот. Некои на планот гледаа како на прв чекор кон „Европска федерација”, како Моне, кој во нацртот го прецрта зборот на Ројтер „'наднационална'” и додаде „федерација”.
Шумановата декларација која ја создаде ЕЗЈЧ имаше неколку различни цели:
Да го одбележи раѓањето на обединета Европа Да ја направи војната меѓу земјите-членки невозможна Да го охрабри светскиот мир Да ја трансформира Европа преку процес „чекор-по-чекор” (создаден преку секторски наднационални заедници), кој ќе доведе до демократско обединување на Европа, вклучувајќи ги и Источна и Западна Европа, одделени со железната завеса Да ја создаде првата светска наднационална институција и Да ја создаде првата светска меѓународна анти-картел агенција Да создаде единствен пазар во Заедницата Почнувајќи од секторот за јаглен и челик, да ја ревитализира целата Европска економија преку слични процеси во заедницата Да ја подобри светската економија и земјите во развој, како што е Африка.
Најпрво, таа беше наменета за да се спречи понатамошната војна помеѓу Франција и Германија и други држави преку отстранување на причината за војната. ЕЗЈЧ првенствено беше замислена со Франција и Германија: Зближувањето на европските нации побарува отстранување на прастарата опозиција помеѓу Франција и Германија. Секоја преземена активност најнапред мора да се однесува на овие две земји. Како најважни за производството на муниција, Шуман верувал дека со обединувањето на индустриите за јаглен и челик во Франција и Германија во иновативен наднационален систем кој исто така ја вклучувал и Европската анти-картел агенција, „ војната ќе ја направи не само незамислива тулу и материјално невозможна”. Понатамошната цел на Шуман беше: Со зголемувањето на ресурсите, Европа ќе биде во можност да продолжи со остварувањето на една од своите основни задачи, односно развој на африканскиот континент. Индустриските картели имале тенденција да наметнат „рестриктивни активности” на националните пазари, со оглед на тоа ЕЗЈЧ ќе се обезбеди зголемување на производството потребно за нивните амбиции во Африка.
Политички притисоци
Во Западна Германија, Шумановата декларација ги зачува најблиските контакти со новата генерација на демократските политичари. Карл Арнолд, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, покраината во која беше вклучено производството на јаглен и челик на Рур, првично беше портпарол на германското Министерство за надворешни работи. Тој одржа голем број на говори и емисии за наднационална заедница за јаглен и челик во исто време кога Роберт Шуман, почна да ја предложува оваа заедница во 1948 и 1949 година. Социјал-демократската партија на Германија, и покрај поддршка од синдикатите и другите социјалисти во Европа, одлучи дека ќе се спротивстави на планот на Шуман. Личната недоверба на Курт Шумахер во Франција, капитализмот, и со исклучок на Конрад Аденауер, тој тврдеше дека фокусот на интеграцијата на „Мала Европа на шестте” ќе ја замени примарната цел на СДП за повторно обединување на Германија и на тој начин ќе ги поттикне ултра-националистичките и комунистичките движења на Западот. Тој, исто така, сметаше дека ЕЗЈЧ ќе стави крај на сите надежи за национализација на индустријата за челик и ќе ја претвори во Европа од „картели, службеници и конзервативци.” Помладите членови на партијата како Карло Шмид, беа, сепак, на страната на Заедницата и укажаа на долга социјалистичка поддршка за наднационалната идеја.
Во Франција, Шуман доби силна политичка и интелектуална поддршка од сите делови на нацијата и многу не-комунистички партии. Забележителни меѓу овие беа министерските колеги Андре Филип и Едуард Бонефас, претседател на Комитетот за надворешни односи, и поранешниот премиер, Пол Рејнад. Проектите за власта за јаглен и челик и други наднационални заедници беа формулирани во специјализирани поткомитети на Советот на Европа, во периодот пред тоа да стане француска владина политика. Шарл де Гол, кој тогаш беше надвор од власт, беше ран поддржувач на „поврзувањата”меѓу економиите, под француски услови, и зборуваше за „Европска конфедерација”, која ќе ги искористи ресурсите на Рур во 1945 година. Сепак, тој се спротивстави на ЕЗЈЧ како faux (лажно) здружување („le pool, ce faux semblant ”), бидејќи го сметаше за незадоволувачки „нецелосен пристап” кон Европско единство и сметаше дека француската влада „е преслаба” да доминира со ЕЗЈЧ како што тој сметаше дека треба. Де Гол, исто така, мислеше дека ЕЗЈЧ нема доволна наднационална власт, бидејќи Собранието не беше ратификувано со Европски референдум и тој не го прифаќаше тврдењето на Рејмонд Арон дека ЕЗЈЧ е наменета за оддалечување од доминацијата на САД. Следствено, Де Гол и неговите следбеници во Сојузот на францускиот народ гласаа против ратификацијата во Долниот дом на францускиот Парламент.
И покрај ваквите напади и на оние од екстремната левица, ЕЗЈЧ пронајде значителна јавна поддршка и беше основана. Таа доби силно мнозинство на гласови во сите единаесет комори на парламентите на Шесте држави, како и одобрување помеѓу здруженијата и Европското јавно мислење. Во 1950 година, многумина мислеа дека е неизбежна уште една војна. Сепак, интересите за челик и јаглен беа сосема едногласни во нивната спротивност. Советот на Европа, создаден на предлог на првата влада на Шуман во мај 1948 година, помогна јасно да се изрази Европското јавно мислење и на Заедницата и даде позитивна поддршка.
Договорите
Договорот од Париз, составен од 100 членови, со кој беше основана ЕЗЈЧ беше потпишан на 18. Април 1951 година од страна на „внатрешните шест”: Франција, Западна Германија, Италија, Белгија, Луксембург и Холандија. ЕЗЈЧ беше прва меѓународна организација заснована врз наднационални принципи и, преку воведување на заеднички пазар за јаглен и челик, имаше за цел да ги развие економиите, да ја зголеми вработеноста, како и да го подигне животниот стандард во рамките на Заедницата. Пазарот, исто така, беше наменет за постепена рационализација на распространетоста на висококвалитетното производство, додека се осигуруваше стабилноста и вработувањата. Заедничкиот пазар за јаглен беше отворен на 10. Февруари 1953 година, а за челик на 1. Мај 1953. По стапување во сила ЕЗЈЧ постепено ја замени Меѓународната власт за областа Рур. На 11. Август 1952 година, САД беше првата земја (со исклучок на членовите на ЕЗЈЧ) која ја призна Заедницата и изјави дека сега ќе тргува со ЕЗЈЧ кога станува збор за јаглен и челик, основајќи своја делегација во Брисел. Претседателот Моне на ова одговори со изборот на Вашингтон Д.С. како место на првото надворешно присуство на ЕЗЈЧ. Насловот на првиот извештај на делегацијата гласеше „Кон Сојузната Влада на Европа”.
Шест години по Договорот од Париз, Римските договори беа потпишани од страна на шестте членови на ЕЗЈЧ, создавајќи ја Европската економска заедница (ЕЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (ЕЗАЕ или „Евроатом”). Овие Заедници, со одредени прилагодувања, беа засновани врз ЕЗЈЧ. Римските договори требаше да бидат во сила на неодредено време, за разлика од Договорот од Париз, кој требаше да истече по педесет години. Овие две нови Заедници, секоја посебно, работеа на создавањето на царинска унија и на заедница за јадрена енергија. Договорите од Рим беа избрзани навреме пред Де Гол да ја преземи власта и да ја прогласи Петтата Република. И покрај неговите напори да ги „задуши” Заедниците, нивните полиња брзо се проширија и ЕЕЗ стана најважен инструмент за политичко обединување, засенувајќи ја при тоа ЕЗЈЧ.
Обединување и истекување
И покрај тоа што ЕЗЈЧ, ЕЕЗ и Евроатом беа посебни правни тела, првично ги делеа Заедничкото Собрание и Европскиот суд на правдата, иако Советите и Врховниот орган / комисиите остана посебни. За да се избегне удвојување, Договорот за спојување ги спои овие посебни тела на ЕЗЈЧ и Евроатом со ЕЕЗ. ЕЕЗ подоцна стана еден од трите столба на денешната Европска Унија.