мини|Блиндхајм-обоен кавалерски шпаниел. Кавалерски шпаниел на Кралот Чарлс (Cavalier King Charles Spaniel) е мала раса на куче од типот Шпаниел и е класифицран како мало куче според повеќето одгледувачници за кучиња (Kennel Clubs). Тоа е една од најпопуларните раси на кучиња во Велика Британија. Од 2000 година, нејзината популарност се зголемува и во Соединетите Американски Држави. Таа е малку помала раса од шпаниелот, а возрасниот кавалерски шпаниел има често иста големина со возраснте кучиња од други шпаниел раси. Има свилено меко крзно и нескратена опашка. Стандардот на оваа раса разликува четири бои: Блиндхајм (бело-костенлива), Триколор (црна, бела, темнокафена), Црна и темнокафена, и Руби (костенлива). Оваа раса е дружељубива, нежна и добра и со децата и со други животни.
Кавалерскиот шпаниел драстично се променил во доцниот 17 век, кога бил вкрстен со раса кучиња со сплескан нос. До 20-тите години на 20 век, кавалерскиот шпаниел делел иста историја со малиот шпаниел на Кралот Чарлс. Одгледувачите се обиделе да го пресоздадат тоа што тие сметелe дека e оригинална верзија на оваа раса, куче што ќе биде слично на она на Чарлс Втори за време на Реставрацијата.
Различни здравствени проблеми влијаат на оваа раса, особено митрално валвуралните болести, што доведуваат до неправилно работење на срцето. Ова се појавува кај повеќето кавалерски шпаниели во одреден период од нивниот живот и е најчестата причина за смрт. Оваа раса, исто така, може да боледува и од сирингомиелија, деформација на черепот која го намалува просторот наменет за мозокот. Кавалерските шпаниели можат да имаат и ушни заболувања, што е вообичаено за повеќе различни шпаниел раси, а може и да страдаат од такви проблеми како што е дисплазијата на колкови, што често се јавува кај повеќе различни раси на кучиња.
Историја мини|Петте деца на Чарлс Први од Англија (1637) насликана од Антонис ван Дајк; има шпаниел од таа ера на десниот долен агол. За време на 16 век, мала раса на шпаниел била популарна меѓу благородништвото во Англија. Луѓето од тоа време верувале дека овие кучиња можеле да ги бркаат болвите, а некои, пак, верувале дека тие можеле дури да заштитуваат од различни стомачни болки. Овие кучиња биле понекогаш нарекувани „Нежни Шпаниели“ или „Утешители“, затоа што дамите кога се возеле во кочија си земале такво куче во скут за да ги топли во зима. Чарлс Први чувал шпаниел наречен Раскал додела престојувал во замокот Карисбрук. Сепак, оваа раса почесто се поврзува со Чарлс Втори, кој кажал дека „Неговото Височество ретко го гледале без своите мали кучиња.“ Постои дури и мит дека тој издал указ дека во ниедно јавно место не сме да му биде забранет влезот на било кое куче од оваа раса.
За време на владеењето на Кралот Вилијам Трети и Кралицата Мари Втора, расата на шпаниели со долг нос не била веќе во тренд. Расата на кучиња Мопс била фаворизирана во тоа време во Холандија, така што со холандското потекло на Вилијам Трети, таа станала популарна и во Англија. Во ова време, можно е да се појавило вкрстување со мопсот, или други раси со сплескан нос, затоа што Кралот Чарлс имал земено некои одлики од мопсот, но како и да е, модерниот кавалерски шпаниел сепак се создал. Во „Кучето“ од 1852 година, промената на расата беше критикувана:
Денешната раса на Кралот Чарлс е променета на полошо. Муцката е исто толку кратка, челото е грдо и истакнато, како на боксер. Очите се зголемени за да бидат двојно поголеми од нивната оригинална големина, и лицето има глупав изглед кој премногу одговара со карактерот на кучето. Сепак, сèуште ги има долгите уши и нежната мекост на крзното, како и неговите убави бои, и за овие квалитети, продавачите не се сомневаат да побараат дваесет, триесет, па дури и педесет гинеи (британски парички) од купувачите.
За време на почетокот на 18 век, Џон Черчил, првиот Војвода на Марлборо, чувал црвеникаво-бел вид на шпаниели од типот на оние на Кралот Чарлс за ловење. Војводата забележал дека тие можат да бидат во чекор со галопирачки коњ. Неговиот имот се викал Блиндхајм во чест на неговата победа во Битката кај Блиндхајм. Поради неговото влијание, црвеникаво-белиот вид кавалерски шпаниели на Кралот Чарлс станале познати како Блиндхајм.
На почетокот на 20 век, биле направени обиди за пресоздавање на оригиналната раса шпаниели на Кралот Чарлс, употребувајќи ја сега веќе изумрената раса шпаниели Toy Trawler Spaniel. Овие обиди биле документирани од страна на 16-тата бароница на Вентворт, Џудит Блант-Литон, во книгата „Мали Кучиња и Нивните Предци, вклучувајќи ги и Историјата и Управувањето на Малите Шпаниели, Пекинезери, Јапонски и Померански кучиња“, објавена под името „Х. Г-ѓа Невил Литон“ (“Hon. Mrs Neville Lytton”) во 1911 година.
Отстапување од шпаниелот на Кралот Чарлс мини|Два кавалерски шпаниели на Кралот Чарлс на Лонг Ајленд. Во 1926 година, американецот Розвел Елдриџ му понуди на едно кучешко шоу награда од 25 фунти за секое машко и женско куче од „старата Блиндхајм раса, како што била претставена на сликите на Чарлс Втори од Англија, со долго лице, рамен череп и со дамка во центарот на черепот.“ Одгледувачите од тоа време биле згрозени, но сепак неколку земале учество во натпреварот со шпаниели на Кралот Чарлс за кои сметале дека се никакви и некомпетентни. Елдриџ умрел пред да го види неговиот план реализиран, но неколку одгледувачи верувале во тоа што тој го кажал, па така во 1928 година, се формирал првиот клуб на кавалерски шпаниели. Бил создаден првиот стандард, заснован на куче наречено „Синот на Ен“ (“Ann’s Son”) кое било во споственост на Мостин Вокер, а одгледувачницата за кучиња (Kennel Club) ја признала оваа раса како „Шпаниели на Кралот Чарлс, тип: Кавалери.“
Втората светска војна предизвикала драстичан пад на оваа раса, со огромно мнозинство од оваа раса уништено поради тешките услови. На пример, во одгледувачницата за кавалерски шпаниели Ttiweh, популацијата на оваа раса паднала од шеесет на само три за време на 40-тите години од 20 век. По војната, само шест кучиња можеле да придонесат за размножување на оваа раса. Имињата на овие кучиња биле Ann's Son, неговиот помал брат Wizbang Timothy, Carlo of Ttiweh, Duce of Braemore, Kobba of Kuranda и Aristide of Ttiweh. Бројката на шпаниели постепено се зголемувала, a во 1945 година, одгледувачницата за кучиња ја признала оваа раса и нејзините права како Кавалерски шпаниел на Кралот Чарлс.
Историјата на оваа раса во Америка е прилично неодамнешна. Првиот жив кавалерски шпаниел во САД бил донесен од Велика Британија во 1956 година од В. Лион Браун, заедно со Елизабет Спалдинг и некои други ентузијасти, кои основале одгледувачницата за кучиња (Kennel Club) во САД (Cavalier King Charles Club USA), која што и денес постои. Во 1994 година, друга американска одгледувачница за кучиња (American Cavalier King Charles Spaniel Club) била создадена од група одгледувачи кои ја пријавилe оваа раса за признавање во главната америкaнска одгледувачница за кучиња (American Kennel Club). Кавалерскиот шпаниел е конечно признат во 1997 година и втората американска одгледувачница за кучиња (American Cavalier King Charles Spaniel Club) станала матична одгледувачница на кавелерските шпаниели.
Опис left|thumb|Кавалерските шпаниели на Кралот Чарлс традиционално доаѓаат во четири бои: Блиндхајм, Триколор и Руби се прикажани на сликава, соодветно. Кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс е едно од најголемите кочиња од класата мали кучиња. Во историјата се сметало за „куче за во скут“ (lap dog), но и денешниот возрасен кавалерски шпаниел може да го збере в нечиј скут. Како и да е, мал е за шпаниел, затоа што возрасните кавалерски шпаниели имаат големина на други поголеми раси на шпаниели кога се адолесценти. Стандардите на оваа раса велат дека висината на кавалерскиот шпаниел треба да биде помеѓу 30 и 33 сантиметри со пропорционална тежина помеѓу 4.5 и 8.2 килограми. Опашката обично не им се крати и нивното нежно крзно треба да има умерена должина. Стандардите, исто така, велат дека не треба да има локни, иако благо забранување е дозволено. Можат да растат влакна како перја на ушите, стапалата, нозете и опашката во зрелоста. Срандардите бараат овие да се одржуваат долги, со влакната на стапалата играјќи важна улога во одликите на нивната раса.
Кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс и Англискиот мал шпаниел често се мешаат. Во Велика Британија, Англискиот мал шпаниел е наречен шпаниел на Кралот Чарлс, додека, пак, во Соединетите Американски Држави, една од боите на малиот шпаниел е наречена Крал Чарлс. Двете раси имаат слична историја и се отстапиле една од друга пред околу 100 години. Има неколку огромни разлики помеѓу овие две раси; првичната е нивната големина. Додека кавалерскиот шпаниел тежи помеѓу 4.5 и 8.2 килограми, шпаниелот на Кралот Чарлс е помал и тежи од 4.1 до 5.4 килограми. Исто така, додека нивните одлики на лицето се слични, ушите на кавалерскиот шпаниел се наоѓаат повисоко и нивниот череп е рамен, додека, пак, черепот на шпаниелот на Кралот Чарлс не е. И како трето, муцката на кавалерскиот шпаниел е подолга за разлика од онаа на неговиот братучед, шпаниелот на Кралот Чарлс.
Боја мини|Црно-темнокафен кавалерски шпаниел. Расата има четири признаени бои. Кавалерските шпаниели кои имаат богати костенливи белези на бисерно бела позадина се познати како Блиндхајм во чест на палатата Блиндхајм, каде што Џон Черчил, првиот Војвода на Марлборо ги одгледувал претходниците на оваа раса со баш ваква боја. Некои кучиња имаат костенлива дамка на средината на челото, која се вика „бленхајм дамка.“ Црна и темнокафена боја имаат оние кучиња кои имаат темнокафени белези на црна позадина, особено на веѓите, образите, нозете и под опашката. Оваа боја ја викаат „Крал Чарлс“ во расата шпаниели на Кралот Чарлс. Руби боја имаат оние кои се целите костенливи, иако некои може да имаат малку бела боја на крзното, што се смета за грешка според правилата на главната американска одгледувачница за кучиња. Четвртата боја е позната како Триколор, и кучињата со оваа боја се црно-бели со темнокафеави белези на образите, веѓите, внатрешната страна на ушите и нозете и под опашката. Оваа боја ја викаат „Принц Чарлс“ во расата шпаниели на Кралот Чарлс.
Популарност Според статистиките на одгледувачницата за кучиња, кавалерските шпаниели беа шеста наjпопуларна раса на кучиња во Велика Британија во 2007 година, со 11.422 регистрации во една година. Лабрадор Ретриверите беа најпопуларни со 45.079 регистрации во една година. Нивната популарност се зголемува во Америка; во 1998 година, тие беа 56-та најпопуларна раса, но во 2007 и 2008 година тие беа на 25-то место. Тие се искачија повисоко во одредени градови во САД според статистиките од 2008 година, и беа 8-ми во Нешвил и Минеаполис-Св. Петар, 7-ми во Бостон, Атланта и Вашингтон, и 6-ти во Њујорк и Сан Франциско. Во 2009 година, кавалерскиот шпаниел беше 4-та најпопуларна раса на кучиња во Австралија со 3.196 регистрации во една година, веднаш по лабрадор ретриверот, германскиот овчар и бул териерот од Стафордшир. Исто така, има национални одгледувачници на кавалерски шпаниели во Белгија, Канада, Чешка, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Африка и Шведска.
Темперамент