Свети Илија — манастирска црква на Давидовскиот манастир, во непосредна близина на истоименото гевгелиско село, во јужниот дел на Македонија.
Црквата се наоѓа на рид во непосредна близина на селото, која доминира во Валандовското Поле.
Местоположба
Црквата е подигната на рид до селото.
Историја
Црквата е изградена во 1937 година. Според преданието, на местото на денешниот манастир, во периодот меѓу двете светски војни била изградена мала црква наречена „Св. Илија“. Таа во 1945 година била обновена и проширена, па целиот комплекс прераснал во манастир.
Архитектура
Градбата на манастирската црква според својот облик е трикорабна, чија покривна конструкција е изградена на две води и во внатрешноста завршува со рамни дрвени тавани. На покривот на црквата се вградени шестострани куполи, од кои едната е во средишниот дел на покривот, а другата во југозападниот агол. Храмот има малтерисана фасада, со покрив од ќерамиди. На јужната страна има отворен трем - натстрешница, а на југоисточната страна од храмот има камбанарија со железна конструкција, со покрив од плех.
Поврзано Давидовски манастир Давидово Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Миравска парохија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Давидово Категорија:Давидовски манастир Давидово