Видое Видичевски — македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Роден е на година во Охрид. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Тој бил лен на ДПМ од 1959 година.Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002
Животопис Завршил Филозофски факултет во СкопјеМакедонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.. Бил оснoвач и прв директор на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од основачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. Член на ДПМ од 1959 година. За своето творештво e добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид, наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година и на наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности.
Библиографија
„Сини питоми утрини“ (поезија, 1959); „Бреговите се немирни“ (драма, 1963); „Балада за орканата“ (драма, 1964); „Големата шума“ (роман, И дел, 1970); „Малиот одред“ (тв-серија од 10 епизоди, 1977) „Големата шума“ (роман, 2 дела, 1986) „Вечерен пејзаж од градот“ (поезија, 1986); „Таинствени води“ (роман за деца, 1990); „Заробеници на вечерните игри“ (раскази, 1993); „Времето на црвените рози“ (роман, 1994); „Песни за потопот“ (поезија, 2000); „Приказни за Дамјана“ (раскази за деца, 2000).
Награди Добитник е на наградите: „РТВ Скопје“ за најдобра книга за деца и на книгоиздателството „Детска радост“.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 52 - 53.
Извори
Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје