Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во тетовското село Сетоле, Македонија.

Црквата се соочува со уривање на дотраениот покрив и уништување на самата црква.

Главниот патрон на црквата се прославува на Мала Богородица на 21 септември.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, до патот кој води до селото.

Историја

Црквата била изградена во 1862 година на темели од постар објект. Годината на изградба е запишана и на ниша над самиот влез во црквата.

Од 2024 година, за црквата постои иницијатива за донации за обнова на столбовите во самата црква и покривот, поради опасност од нивно уривање.

Настани од 2001

За време на конфликтот од 2001 година, црквата во Сетоле не била поштедена од налетот на албанските банди.

Таа прво била насилно отворена, осквернавена, ограбена и демолирана. Оштетувања коишто биле направени во овој сакрален објект едно време го направиле неупотреблив. Иконостасот бил многу оштетен, а царските двери биле искршени и трајно оштетени и истите се фрлени на подот од црквата. По завршетокот на кризата во 2001 година, црквата била обновена, додека тетовскиот резбар Будимир Апостолски го реставрирал стариот иконостас.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата не е фрескоживописана.

Икони и иконостас

Некои од иконите се дело на Дичо Зограф.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Втора тетовска парохија Сетоле

Наводи

Надворешни врски

Оштетувања на црквата „Рождество на Пресвета Богородица" во Сетоле - детален извештај Cлавењето на Mала Богородица - Сетоле - видео репортажа од 2007

Сетоле Категорија:Дела на Дебарската школа Категорија:Градби оштетени за време на Воениот конфликт во Македонија