Двејн Мајкл Картер Јуниор (Dwayne Michael Carter, Jr.) ( роден на година ), попознат под неговото сценско име Лил Вејн (Lil Wayne), е американски рапер. На возраст од девет години, Лил Вејн се приклучил на музичката куќа „Cash Money Рекордс“ како најмлад член и половина од дуото, Б.Г’з, со БГ (The B.G.'z, with B.G). Во 1997 година, Лил Вејн станува член на групата Hot Boys, во која исто така биле вклучени и раперите Џувенајл (Juvenile), Б.Г (B.G) и Турк (Turk). Таа година Hot Boys дебатираа со Get it how you live. Лил Вејн, најголемиот успех со групата го постигна со нај продаваниот албум „Guerrilla Warfare“ („Герилска војна“), објавен во 1999 година. Исто така, во 1999 година, Лил Вејн го објавува својот платинест деби-албум Tha block is hot, продавајќи над еден милион примероци во САД.
Иако неговите следни два албума Lights Out (2000) и 500 Degreez (2002) не беа толку успешни (достигнаа само златен статус), Лил Вејн постигна поголема популарност во 2004 година со албумот Тha Carter, во кој беше вклучен и синглот „Go DJ“. Вејн, исто така, таа година се појави во топ десет со синглот на Destiny“s Child, „Soldier“ („Војник“). Во 2005 година, беше објавено продолжението на Tha Carter, Tha Carter II. Во 2006 и 2007 година, Лил Вејн објави неколку микс-изданија и се појави во неколку популарни рап и Рн’Б синглови.
Неговиот најуспешен албум, Tha Carter III, беше издаден во 2008 година и се продаде во повеќе од еден милион примероци во САД во првата недела од пуштањето во продажба. Во него е вклучен синглот број еден „Lollipop“ („Шеќерче“) и ја освои наградата Греми за најдобар рап албум. Во 2010 година, Лил Вејн го издаде својот рок деби-албум „Rebirth“ („Преродба“), за кој наиде на негативни критики од страна на критичарите. Албумот на крајот доби злато. Во март 2010 година, Лил Вејн почна со отслужување на 8-месечната затворска казна во Њујорк, откако беше осуден за кривично дело, поседување на огнено оружје употребено во инцидент во јули 2007 година. Во септември 2010, додека беше во затвор, тој издаде уште еден албум насловен „I am not human being“ („Јас не сум човечко суштество“), соработувајќи со уметници од Young Money како што се Дрејк(Drake), Ники Минаж(Nicki Minaj) и Лил Твист(Lil Twist).
Ран живот Лил Вејн е роден како Двејн Мајкл Картер Јуниор (Dwayne Michаеl Carter,Jr) и израснал во Холигров, предградие во Њу Орлеанс, Луизијана. Картер е роден кога неговата мајка, готвачка, имала 19 години. Неговите родители се развеле кога имал 2 години и неговиот татко засекогаш го напуштил семејството. Картер се запишува во програмата за надарени деца при основното училиште “Лафајет” и во драмскиот клуб во средното училиште „Еленор Мекејн“.
Тој ја напишал својата прва рап песна на возраст од осум години. Во летото 1991 година, го запознава Брајан Вилијамс (Bryan Williams), рапер и сопственик на издавачката куќа „Cash Money Рекордс“. Картер снимил рап во слободен стил на телефонската секретарка на Вилијамс и го навел да му биде ментор на Картер и да го вклучи во дистрибуцијата на песни во „Cash Money“. Тој исто така го снимал својот прв заеднички албум, „True Story“ („Вистинска приказна“), со раперот Б.Г. Во тоа време Картер имал 11, а Б.Г 14 години, и се нарекле „БГ ‘з“. Кога тој имал 12 години, играл во претставата „Tin Man“ („Човекот Тин“) во драмскиот клуб во средното училиште во производство на неговите The Wiz. На возраст од 13 години, случајно се застрелал со пиштол калибар 44 мм, но куршумот го промашил неговото срце за 2 инчи. Во училиштето McMain magnet School, Картер бил почесен студент, но на возраст од 14 години го напуштил училиштето за да се посвети на музичката кариера.
Музичка кариера 1997–99: The Hot Boys Во 1997 година, Картер се приклучува кон Hot Boys заедно со раперите Џувенајл, Б.Г и Турк. Со 15 години, Картер беше најмладиот член во тоа време. Дебитанскиот албум на групата Hot Boys, „Get it how you live“ („Како во живо“) беше објавен истата година, по што во 1999 година следеше главното деби со албумот „Guerrilla Warfare“ („Герилска војна“) кој достигна број 1 на списокот на списанието Билборд Top R&B/Hip-Hop Albums и број 5 на Билборд 200. Во текот на својата кариера, Hot Boys имаат два рангирани сингла на топ листите „We on fire“ од „Get it how you live“ и „I need a hot girl“ од „Guerrilla Wаrfare“. Картер, исто така, се појавува во синглот на Џувенајл „Back That Azz Up“ кој се искачи до 18-то место на Billboard Hot 100 (Билбордoвата листа топ 100) и место број 5 на Hot R&B/Hip-Hop Singles & Tracks (топ РнБ/Хип-хоп синглови). Let ‘Em Burn е компилација од неиздадени песни кои се снимени во текот на 1999 и 2000 година, излезе во 2003 година, неколку години откако групата се распушти. Го достигна местото број 3 на Top R&B / Хип-хоп албуми и место број 14 на Билборд листата топ 200.
Картер дебитантскиот соло албум „The Block Is Hot“ го издаде на возраст од 17 години, во кој имаше значаен придонес од Hot Boys и беше заверен со 2х платина, искачувајќи се на местото број 3 на Билборд албум топ–листата. Албумот му ја донесе номинацијата од страна на списанието „Source“ („Извор“) за „Најдобар нов изведувач“ за 1999 година и исто така стана Топ Десет хит. Започнал со синглот „Tha Block Is Hot“. По издавањето на „Tha Block Is Hot“, Картер се појави со синглот „Bling, Bling“ заедно со Б.Г., Џувенајл и Биг Тајмерс.
2000–02: Lights Out and 500 Degreez Неговиот следен албум издаден во 2000 година „Lights Out“, не го постигна истиот успех како неговиот дебитантски албум, но се здоби со златен сертификат од страна на РИАА. Критичарите укажаа на недостаток од кохерентни приказни во неговите стихови, како доказ дека тој допрва треба да созрева за да го достигне нивото на своите колеги од Hot Boys. Водечкиот сингл беше „Get Off The Corner“, во кој беше забележано подобрување во лирската содржина и стилот на песната, која доби и спот. Вториот сингл кој доби помалку внимание беше „Shine“(Сјај) заедно со Hot Boys. Наскоро по објавувањето на „Lights Out“, Лил Вејн се појавува со синглот “1#Stunna” заедно со Биг Тајмерс и Џувенајл искачувајќи се на 24-то место на Хот Рап синглови топ-листата.
Во 2001 година Лил Вејн бил застрелан во градите, во Флорида, откако непознати напаѓачи испукале два куршума низ прозорецот на неговиот автобус за турнеи. Тој се потсетува на инцидентот во едно интервју, во 2008 година: „Куршумот не влезе, затоа што прозорецот го забави.“
Третиот албум на Лил Вејн „500 Degreez“ беше објавен во 2002 година, следејќи го форматот на претходните два, со значителни придонеси од Hot Boys и Mannie Fresh. Иако се здоби со златен сертификат, како и претходниот, не успеа да го постигне успехот на неговиот деби – албум. Насловот беше во знак на неодамнешното одвојување на членот од Hot Boys, Џувенајл и неговиот албум „400 Degreez“. Водечкиот сингл беше „Way of Life“ кој исто како и албумот, не го постигна успехот на неговите претходни синглови. По издавањето на „500 Degreez“, тој се појави во синглот „Neva Get Enuf“ од 3LW.
2004–07: Tha Carter, Tha Carter II и соработките Летото 2004 година, албумот на Вејн „Tha Carter“ беше пуштен во продажба, одбележувајќи го она што критичарите го сметаат за напредок во неговиот стил на рапување и лирски теми. Со „Tha Carter“ Вејн добил големо признание, продавајќи над еден милион примероци во САД, а песната „Go DJ“ стана Топ 5 хит. По издавањето на „Tha Carter“, Лил Вејн се појавува во синглот „Soldier“ на Destiny's Child's, заедно со T.I, искачувајќи се на 3-то место на американскиот Хот 100 и американската R&B топ-листа. Песната „Get Something“ (заедно со Mannie Fresh) требало да се појави на албумот, но не успеал да направи пресек, но сепак музичкиот спот бил објавен.
„Tha Carter II“, следбеникот на оригиналниот албум „Tha Carter“, бил издаден во декември 2005 година, овој пат без продукцијата на долгогодишниот продуцент на Cash Money Records, Мени Фреш кој ја беше напуштил музичката куќа. „Tha Carter II“ се продаде во повеќе од 238 000 примероци во првата недела од објавувањето, дебатирајќи на 2-то место на Билборд 200 топ-листата и продаде 2 000 000 примероци ширум светот. Водечкиот сингл „Fireman” („Пожарникар“) стана хит во САД, достигнувајќи го 32-то место на Билборд Хот 100 топ-листата. Други синглови на албумот се: „Grown Man“, „Hustler Muzik“ и „Shooter“ (заедно со R&B пејачот Robin Thicke). Лил Вејн, исто така, се појави во ремиксот на Боби Валентино „Tell me“ кој се искачи на 13-то место на американската Рн’Б топ-листа.
Во 2005 година, Лил Вејн беше именуван за претседател на Cash Money и истата година тој ја основа Young Money Entertaiment, како печат на Cash Money. Сепак, кон крајот на 2007 година, Лил Вејн објави дека тој се повлекува од раководството на двете куќи и дека управувањето на Young Money го предава на Кортес Брајант.
Во 2006 година, Лил Вејн соработувал со раперот Бирдман на албумот „Like father, Like son“, чиј прв сингл „Stuntin’ Like My Daddy“, се искачи на 21-то место на Билборд Хот 100-топ листата. Наместо да издаде следен соло-албум, Лил Вејн ја придоби својата публика преку многуте миксови и настапи во гости со разновидност на поп и хип-хоп синглови. Од многуте негови миксови, „Dedication 2“ и „Da Drought 3“ добија најголема медиумска експонираност и осврт. „Dediction 2“, објавен во 2006 година, како дует на Лил Вејн со Диџеј Драма, ја содржи реномираната социјално свесна песна „Georgia Bush“, во која Лил Вејн го критикува поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, како реакција на последиците од ураганот Катрина во градот Њу Орлеанс. „Da Drought 3“ беше издаден наредната година и беше достапен за бесплатно правно симнување. Таа го содржи рапувањето на Лил Вејн на повеќе ритми од неодамнешни хитови од страна на други музичари. Кристијан Хауард од Ролинг Стоун магазинот смета дека миксовите „Da Drought 3“ и „The Drought Is Over 2“ се меѓу најдобрите албуми во 2007 година.
И покрај тоа што не објави албум две години, Лил Вејн се појави во бројни синглови на разни изведувачи, вклучувајќи ги „Gimme That“ од Chris Brown, „Make It Rain“ од Fat Joe, „You“ од Lloyd и „We Takin’ Over“ од DJ Khaled (заедно со Акоn, TI, Fat Joe и Birdman ), „Duffle Bag Boy“ од Playaz Circle, „Sweetest Girl(Dollar Bill)“ од Wyclef Jean (и со Акоn) и ремиксот „I’m So Hood“ од DJ Khaled (заедно со Т-Pain, Young Jeezy, Ludacris, Busta Rhymes, Big Boi, Fat Joe, Birdman и Rick Ross). Сите овие синглови беа во рамките на првите 20 места на Билборд Хот 100, Хот Рап синглови и Хот РнБ/Хип-хоп песни на топ листите. Во 2007 година на албумот на Birdman „5*Stunna“, Лил Вејн се појавува во сингловите „100 Million“ и „I Run This“, меѓу неколку други песни. Вејн исто така се појавува на песни од албумите „Getback“ од Little Brother, „American Gangster“ од Jay-Z, „Graduation“ од Kanye West (Кање Вест) и „Insomniac“ од Енрике Иглесијас. „Make it Rain“, издаден од продукцијата Scott Storch го достигна 13-то место на Топ 100 и 2-то место на Хот Рап–синглови на топ листите и беше номинирана за Греми награда за најдобра Рап изведба од страна на дуо или група за 2008 година.
Списанието Vibe објави список на 77 песни од Лил Вејн во 2007 година и ја објави неговата верзија на „We Takin’ Over“ на DJ Khaled како најдобра во 2007 година, заедно со „Dough Is What I got“ (слободен стил на ритамот од „Show Me What You Got“ од Џеј Зи) од втората песна од албумот Da Drought 3. На крајот од 2007 година, една анкета на МТВ го прогласи Лил Вејн за „Hottest MC in the Game“ („Најдобар МС во играта“). Списанието The New Yorker го рангираше како „Рапер на годината“, додека списанието GQ го именуваше како „Работохолик на годината“.Lil Wayne: Workaholic of the year . MTV. Во 2008 година беше прогласен за најдобра рок-ѕвезда што постои, од страна на списанието Blender и „Најдобар МС“ од списанието Rolling Stone (Ролинг Стоун).
2008–09: Tha Carter III и We Are Young Money