Свети Климент Охридски (, , ; о. 840 — година во ) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.Who are the Macedonians? Hugh Poulton, C. Hurst & Co. Publishers, 2000, , p. 19.Biographical Dictionary of Christian Missions, Gerald H. Anderson, Wm. B. Eerdmans Publishing, 1999, , p. 138.A Concise History of Bulgaria, R. J. Crampton, Cambridge University Press, 2005, , p. 15.Byzantium's Balkan Frontier: A Political Study of the Northern Balkans, 900-1204, Paul Stephenson, Cambridge University Press, 2000, , pp. 78-79.The A to Z of the Orthodox Church, Michael Prokurat, Alexander Golitzin, Michael D. Peterson, Rowman & Littlefield, 2010, , p. 91. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј, кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денес Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Официјално мрежно место на Македонска православна црква - Охридска архиепископија Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на современата Бугарија.Michaeзl Prokurat et al., The A to Z of the Orthodox Church, Scarecrow Press, 2010, , p. 91. Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.

Извори мини|Житието на Теофилакт Охридски претставува главен извор за животот и делото на Свети Климент Охридски Главните извори за животот на Климент се два средновековни документи напишани на грчки јазик. Пораниот и подеталниот од двата документи е едно житие на Климент напишано од Теофилакт, архиепископ охридски (1084 — 1107). За Теофилактовото Пространо житие се смета дека е пишувано врз основа на содржината на исчезнатото Прво словенско житие, составено од Климентовите следбеници и ученици веднаш по неговата смрт. Треба да се има предвид дека Теофилакт извршил адаптација на неговата содржина, согласно идеолошките и црковно-политичките интереси на Византија.

Другиот пишан документ е житието на Климент од друг охридски архиепископ, Димитар Хоматијан (1216 — 1234), познато како „Краткото житие на Климент Охридски“ или т.н. „Охридска легенда“. Содржината на житието на Теофилакт подоцна, во XIII век, му послужила на Димитар Хоматијан да напише ново Кратко житие за Св. Климент. Во него, исто така се забележува адаптација и преосмислување на одредени настани како и вметнување погрешни податоци. Текстовите на двата охридски епископи биле направени на старословенски јазик и во средновековната писмена традиција се препишувале на двата јазици.

Од останатите византиски извори треба да се споменат уште и химнографските творби за Свети Климент од периодот меѓу XI и XIV век напишани од Теофилакт, Хоматијан, Константин Кавасила и Григориј. Словенски извор со помала историска вредност се смета „Службата за Свети Климент Охридски“, напишана во првата половина на X век од некој нивен ученик за време на деволскиот епископ Марко, кон крајот на IX век или во првата половина на X век. Тоа претставува првостепен извор за животот и дејноста на учениците на Кирил и Методиј. Станува збор за препис од XV век на поп Иван (Јован, Јоан) Милошев и брат му Никола од селото Пископија, Дебарско. Овој препис се чува во ракописната збирка на Зографскиот манастир на Света Гора.Ѓорги Поп-Атанасов, Илија Велев и Маја Јакимовска-Тошиќ, „Творци на македонската литература (IX-XVIII век)“, стр. 255-256 Во текот на отоманското владеење на овие простори, Османлиите не го спречиле ширењето на ракописите и преписите на делата посветени на учителите. Во XV век се распространиле преписи од „Житието на Свети Кирил“. Посебно во XVIII век се почувствувал наплив од словенски ракописни состави, благодарение на изданијата од Мосхополската печатница, прифатени од администрацијата во манастирот „Свети Наум“ во Охрид.„Длабоките врски на светителите Кирил и Методиј и ученикот Свети Климент Охридски“, проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје Во почетокот на XIX век се зголемил интересот за просветителите, особено кај Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Партениј Зографски ја превел на галички дијалект опширната „Биографија на Свети Климент“.

Освен житијата, за дејноста и особено за ширењето на култот на Климент Охридски сведочат и неговите ликовни претстави. Најстариот досега познат лик на Климент е сочуван на јужниот ѕид на црквата Св. Софија во Охрид датиран во времето на архиепископот Лав (1037 — 1056), а пак една од најстарите икони со неговиот ликот е дрвената литиска икона од втората половина на XIII век што се чува во Галеријата на икони во Охрид.Институт за национална историја, Гласник, (По повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски), Скопје, 2016 година.

Живот Рани години мини|Бугарското Царство пред инвазијата на Унгарците За неговите рани години на Климент, двете житија даваат малку информации. Познато е дека живеел во границите на Првото Бугарско Царство, период кога локалното словенско население сè уште давало отпор кон прифаќањето на христијанството.„Укажување на некои неточности во народното предание за делото на Свети Климент Охридски“, доц.д-р Дејан Борисов, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје, 2016 година. Подетален податок за неговото потекло дал архиепископот Димитриј Хоматијан, кој запишал: „Овој велик наш отец и светилник на Бугарија потекнува од европските Мизијци [...] тој уште од детство го засака богољубивиот живот [...] и од почетокот беше со Методиј [...] го возљуби монашкиот и девствен живот“.Димитриј Хоматијан, „Кратко житие на свети Климент епископ словенски напишано од архиепископот Охридски Димитриј Хоматијан“, Свети Климент Охридски, хагиографија и химнографија, ed. Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, trans. НЕДЕСКИ Виктор (Канео, Охрид 2016), 90 Точното место на неговото раѓање не е познато, но доброто познавање на Климент на грчкиот јазик, кое се согледува од квалитетот и обемот на неговите преводи, сугерира дека тој ги стекнал своите вештини на овој јазик на млада возраст, што веројатно се случило во Македонија, која во тоа време била дел од Првото Бугарско Царство. Можеби најверодостојна и најподдржана е тезата дека тој потекнувал Струмичко-брегалничката област каде управувал Свети Методиј пред да замине во Мала Азија, или од Охрид. Се претпоставува дека се родил во периодот од 830 до 840 година. Но доколку се знае фактот дека уште од најмали години го знаел Методиј, може да се претпостави и дека Климент потекнува од истиот град од каде потекнуваат и светите браќа, односно од Солун. За неговата младост не се знае денес речиси ништо, не се знае неговото вистинско световно име, а монашкото име го добил по Климент Римски, чиишто мошти во Херсон на Крим ги откриле солунските браќа Кирил и Методиј за време на т.н. Хазарска мисија.Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица, Музејски летопис (Зборник на трудови по повод 65 години, Завод и музеј - Струмица), Струмица, 2017, стр. 59. Во Пространото Климентово житие пишува дека: „тој го познавал неговиот (Методиевиот) живот како никој друг, бидејќи пошол по него од најмлади години и со свои очи ги видел сите дела на својот учител“. Според истиот извор, Свети Климент починал во 916 година.

Ученик на Методиј 300px|right|thumb|Фреска на Светите браќа во манастирот Св. Јован Бигорски, Дебарско Климент се стекнал со солидно образование, и уште од млади години стекнал одлични познавања од грчкиот јазик. Најраните информации за животот на Климент дадени од житијата се дека „од неговиот живот го познавал најдобро од сите; со сопствени очи ги видел сите дела на својот учител; Св.Методиј на своја страна привлекол и други соработници ученици коишто потекнувале од Македонија, но и од други места.Се смета на Свети Наум, Ангелариј Охридски, Константин Презвитер, за кој се претпоставува дека потекнува од Солун Со своите ученици и помошници Кирил и Методиј работеле во манастирите на планината Олимп во Мала Азија.

Доколку се претпостави дека периодот на младоста се години помеѓу 16 и 18 години, може да се претпостави дека неговото запознавање со Методиј потекнува од околу 856-858 година, клучниот период во животот на Методиј.

Глаголица

Во следниот период, Кирил и Методиј заминале во манастир на планината Олимп во Мала Азија, која планинска област се наоѓа на југот од Мраморното Море и која во IX век била главен манастирски центар. Овде Методиј се замонашил во манастирот којшто се нарекувал Полихрон, и бил придружуван од неговиот брат Константин и неговите ученици. Врз основа на животот на Кирил и Методиј, може да се претпостави дека тие ја создадале глаголицата во текот на годините што ги поминале заедно во манастирот на Олимп. Според Димитри Оболенски, може да се отфрлат тврдењата на нивните биографи дека глаголицата била создадена во Цариград во неделите или месеците по пристигнувањето во 862 година како пратеници на моравскиот принц Растислав. Во работата на групата учени учествувал и самиот Климент како добар познавач на словенскиот и грчкиот јазик и вршел преведување и препишување книги. Во манастирот Полихрон, Климент престојувал сè до почетокот на Хазарската мисија во 859-860 година. Со исклучок на Хазарската мисија на двајцата браќа од 860 до 861 година, овие биле единствените години што ги поминале заедно, кога шеснаесетгодишниот Константин пристигнал во главниот град и 862 година, кога пристигнале пратениците на Ростислав.

Подготовките за Хазарската мисија се одвивале во градот Херсон на Крим (во тоа време под византиска управа). Во Мисијата кај Хазарите учествувал и Климент и можеби бил и учесник во откривањето и откопувањето на светите мошти на римскиот папа Климент. Мисијата довела до масовно покрстување на Хазарите.Панонски легенди. Превод: Р. Угринова-Скаловска, Скопје, 1969; Панонски легенди. Превод: Ј. Таковски, Скопје, 2001.В. Стојчевска-Антиќ, Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност, Скопје, 1997;Х.Поленаковиќ, Во мугрите на словенската писменост, Скопје, 1973;И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005, 213-214 и 234-236.

Во житието на Константин се вели дека откако царот Михаил III го замолил да создаде словенска азбука, Константин „се предал на молитва со своите соработници“. Житието на Методиј ги нарекува овие помошници на Кирил и Методиј „други со ист дух како нив“. Истата група ја спомнува и Теофилакт, кој пишува дека Кирил и Методиј, откако ја измислиле азбуката, „се погрижиле да им го пренесат божественото знаење на оние што се поспособни од нивните студенти“, именувајќи ги кои биле „избрани и просветители на групата“ — Горазд, Климент, Наум, Ангелариј и Сава. Пради овие основи, може да се претпостави дека Климент бил дел од јазичниот круг на Кирил и Методиј и придонел за создавање на глаголицата.

Моравска мисија мини|Свети Климент и останатите ученици, заедно со Кирил и Методиј. Фреска (1744 г.) од манастирот Арденица во денешна Албанија.