десно|мини|250п|Споменик „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Диме Мечето (претпоследен во третата колона). Димитар Мечев, познат под прекарот Диме Мечето, — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.

Животопис

Димитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите.

Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.

Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.Кратки биографии на атентаторите

Извори

Литература Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985

Категорија:Гемиџии Категорија:Солунски атентатори Категорија:Македонски револуционери Категорија:Анархисти