мини|Постер мини|Слика од фестивалот Фестивалот на музика и уметност (неформално, Вудсток или Фестивалот Вудсток) бил музички фестивал најавен како „Претставување на водолијата: 3 денови мир и музика“.Тој се одржал на сточарската млекарска фарма од 2.4 км2 близу населбата Вајт Лејк во градот Бетел, државата Њујорк, од 15 до 18 август 1969 г. Бетел, во округот Саливан, е 69 км. југозападно од градот Вудсток, Њујорк, во соседниот округ Алстер.
Во текот на, викендот, триесет и два изведувачи настапиле на отворено пред 500 000 посетители на фестивалот. Тој се смета за еден од најголемите и најзначајни мигови во историјата на поп-музиката и е ставен меѓу „50 мигови што ја изменија историјата на Рокенролот“ на списанието Ролинг Стоун.
Настанот бил овековечен во успешниот документарен филм од 1970 година Вудсток, албум со музиката од филмот и песната на Џони Мичел, „Вудсток“, што бил во спомен на настанот и станал главен хит за Крозби, Стилз, Неш и Јанг.
Планирање и подготовка Вудсток се родил благодарение на напорите на Мичел Ланг, Џон Робертс, Џоел Розенман и Арти Корнфелд. Робертс и Розенман ги имале средствата. Ланг имал искуство како промотер и веќе го имал организирано најголемиот фестивал на источниот брег во тоа време, Поп Фестивалот во Мајами, на кој се проценува дека присуствувале 100 000 посетители. Тие го дале следниов оглас во весниците Њујорк Тајмс и Вол Стрит Журнал под името на фирмата Челинџ Интернешенал. „Млади мажи со неограничен капитал бараат интересни, законски дозволени можности за инвестирање и деловни предлози.“
Ланг и Корнфелд го виделе огласот и четирите мажи се сретнале првично да дискутираат за едно студио за снимање во Вудсток кое би прилегало на прибежиште, но идејата се преиначила во еден фестивал на музиката и уметноста на отворено, иако во тоа време тој се замислил како нешто во помали размери, кое би ги собрало некои од познатите уметнички имиња од близината на Вудсток во тоа време (како што биле Боб Дилан и групата „Д Бенд“. Четворицата мажи имале различни пристапи: Роберт бил дисциплиниран и знаел што е потребно за да успее потфатот, додека лежерниот Ланг гледал во Вудсток како на еден нов и релаксирачки начин за спојување на деловни луѓе. Имале и други сомнежи околу потфатот, бидејќи Роберт се двоумел дали да ги санира своите губитоци и да го откаже процесот, или да продолжи да вложува во него.
Во април 1969 г. членовите на новата суперѕвезда, составот Криденс Клирвотер Ривајвел, биле првите кои потпишале договор за фестивалот и се согласиле да настапат за 10 000 долари. Организаторите имале тешкотии во привлекувањето на големи имиња пред да потпишат договор со големите рокери од Беј Реј. Тапанарот на Криденс, Даг Клифорд, подоцна коментирал: Криденс потпишаа, сите други застанаа во редот, сите „големи ѕверки“ дојдоа. Имајќи го предвид тоа што настапуваа во 3 наутро и не биле вклучени (по инсистирање на фронтменот на Криденси, Џон Фоогерти) во филмот Вудсток, членовите на Криденс ја изразија нивната огорченост во однос на нивните искуства на познатиот фестивал.
Вудсток требало да биде профитабилен потфат, соодветно крстен „Потфатот Вудсток“. Тој станал „бесплатен концерт“ дури откако станало очигледно дека настанот привлекува стотици и илјадници повеќе отколку што организаторите биле подготвени да примат. Билетите за фестивалот чинеле 18 долари однапред, и 24 долари на врата за сите три денови. Продажбата на билети била ограничена на продавниците за плочи во централниот дел на градот Њујорк, или преку поштенски фах на станицата Радио Сити, во пошта сместена во Средниот Менхетен. Околу 186 000 билети биле продадени однапред, а организаторите предвиделе дека ќе дојдат приближно 200 000 посетители на фестивалот.
Одбирање на местото Првично, концертот бил планиран да се одржи во Милс Индустриски Парк на површина од 1.2 км2, во градот Волкил, Њујорк, кој што Потфатот Вудсток го изнајмиле за 10 000 долари во пролетта во 1969 г. На градските власти им било кажано дека нема да присуствуваат повеќе од 50 000 луѓе. Жителите на градот веднаш се спротивставиле на проектот. На почетокот на јули градскиот одбор изгласале закон со кој ќе треба да се побара дозвола за какво било собирање на повеќе од 5 000 луѓе. На 15 јули 1969 година, Апелациониот Одбор на градот Валкил и официјално го забранил концерот врз основа на тоа што планираните подвижни тоалети не ги задоволувале барањата на градот. Меѓутоа, извештаите за забраната се претвориле во извор на богатство за фестивалот.
Според Елиот Тибер, во неговата книга од 2007 г. Преземање на Вудсток, Тибер понудил да биде домаќин за настанот на неговиот мотел на површина од 61 000 м2, и добил дозвола за тоа. Тој тврди дека тој ги запознал организаторите со сточарскиот фармер Макс Јасгур. Сепак, Ланг го порекнува тврдењето на Тибер и вели дека Тибер го запознал со некој трговец со недвижен имот, кој го одвел, без Тибер, до фармата на Јагар. Синот на Макс, Сем Јагар, се согласува со тврдењето на Ланг. Земјиштето на Јагар формирало природен басен, накосувајќи се кон вештачкото езерце Филипини на северната страна. Сцената требала да се постави во подножјето на ридот, при што езерцето Филипини ќе било во позадината. Тоа езерце станало популарно одредиште на нудистите.
Организаторите повторно им кажале на градските власти на Бетел дека не очекуваат повеќе од 50 000 луѓе. И покрај противењето на жителите и натписите со содржина „Не купувајте млеко. Запрете го Хипи музичкиот фестивал на Макс.“, правобранителот на градот Бетел, Фредерик В. Шадт и градежниот инспектор Доналд Кларк ги одобриле дозволите, но градскиот Одброр на Бетел одбил да ги издале и формално. На Кларк му било наредено да издале наредба за прекинување со работите.
Бесплатен концерт Доцната промена во локацијата на концертот не им дала доволно време на организаторите да се подготват добро. На еден состанок три денови пред започнување на концертот, организаторите сфатиле дека имаат два избори. Едниот избор бил да се засили оградата и зголеми безбедноста, што би можело да има за резултат поголемо насилство, а другиот вклучувал да се ангажираат сите расположливи ресурси и да се заврши сцената, со што Потфатот Вудсток би претставувал и финансиски хит. Толпата што почнала да надоаѓа и во поголем број од предвиденото ја донела за нив одлуката. Оградата била исечена ноќта пред концертот.
Фестивал Приливот на посетители на концертот во руралното гратче Бетел создал огромен сообраќаен метеж. Стравувајќи од неред бидејќи илјадници започнале да доаѓаат во градот, Бетел се откажал од своите прописи и правила. Конечно, објавите на радио станиците сè до Менхетен и сликите за сообраќајниот метеж на телевизиските вести, ги обесхрабрило луѓето во помислата да тргнат кон фестивалот. Арло Гатри дал изјава која била вклучена ви филмот дека автопатот во државата Њујорк е затворен. Директорот на музејот Вудсток споменат подолу рекол дека тоа никогаш не се случило. Како капак на проблемите и тешкотиите во справувањето со толпата, скорешните дождови предизвикале кал по патиштата и полињата. Локацијата не била опремена со санитарии и прва помош за толкав број на луѓе, со што стотици и илјадници се нашле во ситуација да се борат со лошото време, недостигот на храна и лошите санитарии.
Утрото, во недела, 17 август, гувернерот на Њујорк, Нелсон Рокфелер го повикал организаторот на фестивалот, Џон Робертс, и му кажал дека размислува да доведе 10 000 членови од Националната Гарда на Њујорк на фестивалот. Робертс успеал да го наговори Рокфелер да не го направи тоа. Округот Саливан прогласнил вонредна состојба.
„Бевме подготвени да почнеме. Чекавме и чекавме и конечно дојде и нашиот ред... ... половина милион луѓе спиеја. Тие луѓе биле таму, надвор. Сè прилегаше на слика од „Пеколот“ на Данте, само тела како од пеколот, сите сплеткани, помешани и заспани, покриени со кал. A ова е мигот што нема никогаш да го заборавам, сè додека живеам: четвртина милја подалеку, во мракот, на другиот крај од оваа поле, имаше некој кој се обидуваше да ја запали запалката и чув: „Не грижи се за тоа, Џон. Ние сме со тебе.“ На целиот фестивал свирев само за него.“- Џон Фогети за настапот на Криден Клирвотер Ривајвл во 3 часот наутро, на Вудсток.
„Иако фестивалот бил неверојатно мирен, земајќи го предвид бројот на посетители и условите таму, сепак имаше три евидентирани несреќи: една несреќа за која се мисли дека била предозирање со хероин и друга предизвикана во несреќа кога трактор прегазил посетител кој спиел во оближното поле со сено. Имаше и две породувања регистрирани на фестивалот (едно во кола заглавена во сообраќајниот метеж, а друго во болница по префрлање таму со хеликоптер) и четири спонтани побацувања. Усно сведочење во филмот го потврдува случајот со предозираност, оној со прегазување на човек и барем едно породување, заедно со голем број на случаи со главоболки.
По концертот, Макс Јасгур, сопственикот на фармата, гледал на настанот како на победа на мирот и љубовта. Тој зборувал за тоа како речиси половина милион луѓе, потенцијални предизвикувачи на несреќа, немири, грабеж и катастрофа, поминале три денови со музика и мир во нивните умови. Тој сметал дека „доколку им се придружиме, ќе можеме да ги претвориме сите неволји и немаштија кои се денес проблем во Америка во надеж за една посветла и помирна иднина...“
Озвучување Озвучувањето за концертот било направено од страна на Бил Хенли, чии иновации во индустријата на озвучување му ја донеле престижната награда Парнели. „Сè се одвиваше одлично“ - изјавил тој за настанот. „Конструирав посебни столбови за звучниците на ридовите и имав 16 антени за звучниците поставени на квадратеста платформа, кои одеа горе, до ридот, на кули високи 21 метар. Сметавме на најмногу 150 000 до 200 000 луѓе. Се разбира, дојдоа 500 000 луѓе.“ АЛТЕК дизајнирал 4-15 креденци (плакари) од иверица кои тежеле по половина тон парче, биле високи 1.8 м. речиси 1.2 м. длабоки и 0.91 м. широки. Секој од овие креденци носел четири звучници JBL D140 од 380 мм. Високотонските звучници се состоеле од Алтек сирени од типот 4х2-ќелиски и 2х10-ќелиски. Зад сцената имало три трансформатори кои обезбедувале струја од 2 000 ампери да ги напојувале поставени засилувачи. Многу години подоцна овој систем го нарекувале Сандаците на Вудсток.
Настапувачи Триесет и два изведувачи настапиле распоредени во 4 дена:
Петок, 15. август Фестивалот започнал на 15. август во 17:07 со настапот на Ричи Хејвенса и останатите кантри музичари.
Ричи Хејвенс Свами Сенчидананда, Свитвотер Инкредибл стринг бенд Берт Самер Тим Хардин Рави Шанкар Мелани Арло Гатри Џоан Баез
Сабота, 16. август
Квил Киф Хартли бенд Кантри Џо Макдоналд Џон Себастијан Сантана Кенд Хит Маунтин Џенис Џоплин Грејтфул дед Криденс клирвотер ривајвал Слај енд фамили Стоун Ху Џеферсон ерплејн
Недела, 17. август до понеделник, 18. август
Џо Кокер Кантри Џо енд Фиш Тен јирс афтер Бенд Блад, свет енд тирс Џони Винтер Крозби, Стилс, Неш енд Јанг Пол Батерфилд блуз бенд Ша-на-на Џими Хендрикс
Медиумска покриеност Многу малку репортери од непосредната околина биле на сцената. Во текот на првите два дена на фестивалот, националните медиуми го истакнале проблемот. Насловите на насловната страница на весникот Њујорк Дејли Тајмс биле: „Сообраќајот е закрчен на местото кај Хипи фестивалот“ и „Хипиците се валкаат во море од кал.“ Ставот на медиумите станал нешто попозитивен при крајот на фестивалот, делумно бидејќи родителите на посетителите на фестивалот ги викнале медиумите и им кажале, врз основа на телефонските повици добиени од нивните деца, дека извесувањето на медиумите било неточно.