Руски споменик е споменик кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Овој споменик бил првиот кој бил изграден во бугарската престолнина по нејзиното ослободување и создавање на Кнежевство Бугарија, на 29 јули 1882 година.
Споменикот бил изграден со средства кои биле обезбедени од страна на рускиот народ. Точниот архитект на споменикот не е познат, но се смета дека бил Вокар, кој имал свои проекти во Добрич, Плевен и дуги градови од Бугарија. Споменикот претставува обелиск во форма на четириаголна пирамида. Од неговата источна страна се наоѓа рускиот државен грб и рускиот орден за храброст Свети Георгиј.
Со проширувањето на градот, споменикот станал центар на понатамошните изградби на тој дел од градот. Во негова близина денеска се наоѓа плоштадот Македонија и местото Петте агли.
Галерија
Категорија:Згради и градби во Софија Категорија:Споменици во Софија Категорија:Знаменитости во Софија