Пантелес Папајоану, познат како капетан Никоцарас Грајкос, () ― македонски (гркомански) андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис Папајоану е роден во струмичкото село Колешино. Во почетокот дејствувал со Борис Сарафов, а според грчки извори, тој бил секретар на неговата чета. Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија, тој преминал на страната на грчката кауза и предводел андартска чета, дејствува заедно со Гоно Јотов во реонот на Ениџевардарското Езеро Μαζαράκης, Κ. «Ο Μακεδονικός Αγώνας», έκδ. «Δωδώνη», Αθήνα, 1981, σελ. 92.

Во пролета 1907 година, кон четата на Папајоану, се присоединила и четата на Иван Радналијата, за да бидат засилени грчките дејствија во Струмичко.

Оваа здружена чета ги обиколувала струмичките села Колешино, Зубово и Мокриево, со цел привлекување на нови андарти. На 26 август, биле предадени од страна на населението и дошле во судир со османлиските сили. Во судирот загинале капетанот Папајоану, Танас од Владиевци и Стоил од Вардаровци, останатите андарти на чело со Иван Радналијата успеваат да се спасат.Κωνσταντίνος Αποστόλου Βακαλόπουλος, Ο ένοπλος αγώνας στη Μακεδονία 1904-1908, εκδόσεις Ηρόδοτος, Θεσσαλονίκη, 1999, σσ. 286 - 287. Од страна на грчките власти во Кукуш е подигната негова бист.Χατζημητάκος, Θανάσης : Β’ Μνημεία μέσα στην πόλη

Извори

Надворешни врски Портрет на Панделис Папајоану.

Категорија:Луѓе од Колешино Категорија:Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Гркомани Категорија:Несигурна година на раѓање