мини|Логото на Езел Езел (турски Ezel) е турска серија. Серијата е снимана во Кипар и во Турција. Во главните улоги се Кенан Имирзалиоглу, Чансу Дере, Јигит Озшенер и Бариш Фалај.

Содржина

Омер Учар е едноставен, млад човек, посветен на своето семејство ,но и на тројца пријатели кои ги познава уште од детството. Но и на Ченгиз се најдобри пријатели кои ги смета за сопствени браќа и за кои би го дал животот , а преубавата Ејшан е љубовта на неговиот живот .

По долгото останување во армијата , Омер се враќа дома воИстанбул, среќен што најпосле ќе ја запроси жената од своите соништа и со неа ќе основа семејство . Меѓутоа, судбината му го смени патот – за време на неговото отсуство, неговите пријатели измислиле и спровеле итар план за грабеж во казино, убивајќи еден чувар и оставајќи доволно лажни докази кои ќе го обвинат и осудат Омер на доживотен затвор. Додека неговите пријатели со милионите си ги граделе работните и приватните кариери, Омер во затворот преживувал пекол. Освен тоа што секојдневно размислуваше за предавството од своите пријатели и нивните лажни сведоштва,Омер е физички злоставуван од директорот и чуварите на затворот, уверени дека ќотекот ќе помогне да дознаат каде тој и неговите пријатели ги сокриле украдените пари. Во последната борба Омер добива страшни повреди, но со помош на Рамиз,неговиот ментор и моќен мафијаш, успева да побегне од затворот. Неговото унакажано и непрепознатливо требаше итно да се оперира, а заедно со промената на лицето дојде и промената на личноста – Омер станува Езел Бајрактар, млад и успешен стопанственик, специјализиран за разни борбени техники и читање на намерите на луѓето, и еден успешен коцкар.

По 12 години поминати во страдање, неговата омраза кон пријателите е се посилна, па се одлучува како потполн странец да го посети Кипар за да им се освети.

Поврзано

http://www.ezel.tv/ http://ezel.na-tv.net/

Категорија:Драмски серии Категорија:Турски телевизиски серии