ITU – T ( ВОВЕД )
Телекомуникацискиот сектор за стандардизација ( ITU - T ) ги координира стандардите за телекомуникација во име на Интернационалната телекомуникациска унија ( ITU ) основана во Женева, Швајцарија.
Работата со стандардизација на ITU датира од 1865 год со раѓањето на Интернационалната телеграфска унија. Во 1947 год постана специјализирана агенција на Обединетите Нации, и меѓународниот телеграфски и телефонски комитет за консултација ( CCITT ) беше создаден во 1956. Беше преименуван во ITU – T во 1993 година.
ITU беше меѓувладина јавно – приватна партнерска организација се од нејзиниот почеток, а сега има членство од 191 земја и повеќе од 700 јавни и приватни компании, како и регионални и меѓународни телекомуникациски единки познати како Сектор на членови и соработници кои преземаат голем дел на работата од секторот.
ПРИМАРНА ФУНЦИЈА
Мисијата на ITU – T е да осигура ефикасност и непрестајна продукција на стандарди кои ги покриваат сите области на телекомуникациите на светско ниво, како и дефинирање на тарифни и сметководствени принципи за меѓународните телекомуникациски услуги.
Интернационалните стандарди продуцирани од ITU – T се наведени како „Препораки“ (зборот е обележан со голема буква за да се воочи разликата со значењето на вообичаениот збор „препорака“) и чекаат да станат задолжителни кога ќе се прифатат како дел од националното законодавство.
Откако ITU–T е дел од ITU, која е специјализирана агенција на ООН, неговите стандарди носат повеќе формална интернационална тежина од стандардите создадени од другите организации за развој, кои објавуват техничка спецификација со слична форма.
ИСТОРИЈА
Иако ITU датира од 1865 год процесите за формална стандардизација се од неодамна.
Две консултантски комисии се создадени од страна на Париската конференција на ITU во 1925 год за да се справат со комплексноста на интернационалните телефонски сервиси (познати како CCIF, според Францускиот акроним) и телеграфијата на долги дистанци (CCIT).
Во поглед на основната сличност на многуте технички проблеми соочени од CCIF и CCIT во 1956 год е донесена одлука тие да се спојат во една меѓународна телеграфска и телефонска консултантска комисија ( CCITT ).
Во 1992 год ополномоштената конференција (најполитички ориентираната конференција на ITU) виде реформа на ITU давајќи и повеќе флексибилност да се адаптира на голема, комплексна, интерактивна и конкурентна средина. Во ова време CCITT беше преименувана во телекомуникациски сектор за стандардизација ( ITU–T), како еден од трите области на унијата заедно со радиокомуникацискиот сектор ( ITU–R) и секторот за развој на телекомуникациите ( ITU–D).
Историски гледано Препораките на CCITT беа презентирани на седница пред четиригодишните собранија за одобрување, а целосниот список со Препораките беше објавувана после секоја седница. Сепак одложувањето на производството на текстови и нивното преведување во други работни јазици не одговараат на брзото темпо на промени во телекомуникациската индустрија.
СТАНДАРДИЗАЦИЈА ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ
Равојот на личните сметачи уште од 1980 год создаваше взаемна пракса меѓу корисниците и бизнисите усвојувајќи ја таканаречената „крвав раб“ технологија на комуницирање иако тоа сè уште не беше стандардизирано. Овие организации за стандардизација мораја да ги туркаат напред стандардите многу побрзо или да се соочат со фактот да се ратификуваат.
Сега ITU–T оперира под повеќе рационализирани процеси. Времето помеѓу почетен предлог на нацртен документ од компанија членка и крајното одобрување на целосна ITU-T Препорака е кратко и се состои од неколку месеци (или помалку во некои случаи). Ова ги прави процесите на стандардизација повеќе флексибилни на потребите од брзиот развој на технологијата отколку како што беше вообичаено да се прави во минатото.<.http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p16) Новите и обновени Препораки се објавуваат речиси секојдневно, а поголемиот дел од библиотеката над 3270 Препораки е достпна онлајн бесплатно. (Заедничките спецификации на ITU-T и ISO/IEC не се бесплатни.)
ITU–T се обиде да ја олесни соработката помеѓу многуте форуми и организациите за стандардизација (SDOs). Оваа соработка е неопходна за да се избегне дуплирање на работата и како последователниот ризик од конфликтни стандарди на пазарот.http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p17)
Во полето на стандардизација, ITU-T соработува со други организации за стандардизација, на пример, Интернационалната Организација за Стандардизација (ISO) и Оперативната Групација за Интернет Инженерство (IETF).http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s10) РАЗВОЈ НА ПРЕПОРАКИ
Најголемиот дел од работата на ITU-T се извршува од членовите на секторот и соработниците, додека Бирото за Телекомуникациска Стандарадизација (TSB) е извршната рака на ITU-T и координатор на број работилници и семинари кои помагаат во развојот на постоечките работни области и истражување на нови. Настаните покриваат широка област на теми во полето на информацијата и комуникациските технологии (ICT) и привлекуваат високорангирани експерти како портпароли и посетители од инженери до високо рангирани менаџери од сите индустриски сектори.http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s13-16), http://www.itu.int/ITU-T/info/tsb/info.html
Техничката работа, развојот на Препораките, на ITU-T се одвива од страна на Студиски Групи (SGs). Луѓето вклучени во овие групи се експерти за телекомуникации низ целиот свет. Моментално постојат 13 вакви групи. Групите се среќаваат очи во очи според календар издаден од Бирото за Телекомуникациска Стандардизација.http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s16), http://www.itu.int/ITU-T/studygroups/index.html Студиските групи се зголемени од Фокус Групи (FGs), помагало создадено од ITU-T, овозможувајќи начин за брза реакција за потребите на ICT Стандардизацијата и дозволувајќи голема флексибилност во однос на членовите и работните методи. Клучната разлика помеѓу Студиските и Фокус групите е тоа што вторите имаат поголема слобода во сопственото организирање и финансирање, и дозволуваат на останати лица кои не се членови да учествуваат. Фокус групите лесно се создаваат, имаат краток век на постоење и можат да си изберат сопствени методи за работа, финансирање, водење и типови на испорака.http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s23-24), http://www.itu.int/ITU-T/focusgroups/index.html Скорешни примери вклучуваат работа на Вмрежувањето од Новата Генерација, Телевизија по Интернет Протоколи (IPTV) и управување со дигитален идентитет.ITU Telecommunication Standardization Sector (ITU-T) - Focus Groups
ОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИ
„Процес за споредно одобрување“ (AAP) е процедура за одобрување по брза постапка која беше развиена да дозволи стандардите да бидат објавени на пазарот во временски период што индустријата го побарува.
Овој драматичен ремонт на создавањето стандарди со насочување на процедурите за одобрување беше воведен во 2001 г. и е проценето дека го скратил времето вклучено во овој критичен аспект на процесот на стандардизација од 80 до 90%. Ова значи дека просечен стандард кој одземал околу четири години, да биде одобрен и објавен во средината на деведесеттите, и две години за да биде објавен во 1997 г., сега може да биде одобрен во просек за 2 месеци или уште помалку до 5 недели.
Покрај насочувањето на клучните процедури вклучени во процесот за одобрување, важен придонесувачки фактор за употребата на AAP е справувањето со електронски документи. Штом процесот за одобрување е почнат, остатокот од процесот може да биде довршен електронски, во огромното мнозинство на случаи, без понатамошни физички средби.
Воведот во “ААР” исто така го формализира јавно/приватното партнерство во процесот за одобрување обезбедувајќи еднакви можности и за членовите на секторот и за земјите-членки во одобрувањето на техничките стандарди.
Штом текст од нацрт на Препорака , подготвен од експерти на студиските групи, се смета за зрел, се доставува на состаноците на студиските групи за преглед. Ако се одобри на состанокот, му се доделува документ за согласност. Ова значи дека студиската група дала согласност дека текстот е доволно зрел за да предизвика процес на краен преглед кој ќе води до одобрување на нацрт Препораката.http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s28-29), http://www.itu.int/ITU-T/e-flash/022-jan06.html
Откако оваа согласност се достигнала, Бирото објавува старт на “AAP” процедурата со објавување на нацрт текстот на мрежната страница на ITU-T, барајќи коментари. Тоа им дава можност на сите членови да го прегледаат текстот. Оваа фаза наречена „Последен Повик“ е четиринеделен период во кој коментарите можат да бидат доставувани од страна на членовите на секторот и земјите членки.
Ако освен редакциски поправки, други коментари не се примени, Препораката се смета за одобрена бидејќи не се пронајдени проблеми кои побаруваат дополнителна работа. Иако постојат коментари, претседателот на студиската група во консултација со Бирото поставуваат процес на резолуција на коментари од засегнатите експерти. Прегледаниот текст потоа е поставен на страна за дополнителен преглед во период од три недели.
Слично на фазата „Последен Повик“, во дополнителниот преглед , Препораката се смета за одобрена ако дополнителни коментари не се примени. Ако коментари се примени, тоа покажува дека постојат проблеми кои сè уште побаруваат работа па нацрт текстот и сите коментари се праќаат на следниот состанок на студиската група за понатамошна дискусија со можност за одобрување.
Тие Препораки се смета дека имаат политика или регулаторни импликации се одобрени според тоа што е познато како „Процес на Традиционално Одобрување“ (ТАР), кој овозможува подолг период за рефлексија и коментирање од земјите-членки. ТАР Препораките се исто така преведени во шест работни јазици на ITU (Арапски, Кинески, Руски, Англиски, Шпрански, Француски).http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s27), http://www.itu.int/ITU-T/e-flash/022-jan06.html
СЕРИИ И ПРЕПОРАКИ
ITU-T Препораките се имињата дадени на телекомуникациите и документите за спецификација на компјутерските протоколи објавени од ITU-T.
Многу од Препораките кои дефинираат OSI се и ISO стандарди.
Стандарди за интернет протоколи вообичаено се развиваат од IETF, и стандардите за системите на мобилните телефони се развиваат од ETSI и други форуми.
СЕРИИ ОД ITU ПРЕПОРАКИ
ITU-T објавува Препораки со имиња како X.500, каде што X е серијата а 500 е идентификацискиот број. Кога Препораката е обновена, (најчесто) ќе го зачува истиот број т.ш. годината на издавање може да биде потребна за да се идентификува специфична верзија на Препораката. Поимот „Х.500“ е користен за да ја означи Х.500 Препораката, и за целата фамилија на Препораки под името Х.5хх каде што специфични форми на Х.500 Препораки се претставени и прегледани во табелата.