The Best Damn Thing е името на третиот студиски албум на канадската пејачка-текстописец, Аврил Лавињ. Издаден е на 13 април 2007 година, преку издавачката куќа RCA Records. Според IFPI, The Best Damn Thing бил четвртиот топ-продаван албум ширум светот и топ-продаван албум за Sony BMG од 2007. Албумот добил платинска сертификација од RIAA на 15 јуни 2007 и има продадено повеќе од 7 милиони копии ширум светот. Експлицитните верзии на албумот биле првите на Лавињ кои добиле Родителска Советодавна издавачка куќа, прикажана на ограничените и луксузните изданија.
Албумот бил третиот последователен број-еден албум на Табелата за Албуми во Обединетото Кралство и нејзиниот втор број-еден албум на Билборд 200, а исто така го достигнал и првото место во неколку други земји. Првата песна која била издадена како сингл од албумот била „Girlfriend“ и се искачила во првите места на табелите во преку дванаесет држави ширум светот искачувајќи се и на првото место на Билборд Хот 100. Од албумот The Best Damn Thing била издадени четири официјални синглов, а исто така бил издаден и саундтрак синглот, „Keep Holding On“ од филмот од 2006 Ерагон.
Музички стил и жанр Додека ги одржувала турнеите, Лавињ кажала дека нејзините омилени песни за пеење во живо биле некои позабавни и побрзи како „Sk8er Boi“. Ова ја натерало неа албумот The Best Damn Thing да нема песни во средно темпо, а наместо тоа да има поенергетски песни.
Лавињ го опишала албумот како „брз, интересен, млад, рок, агресивен, самоуверен... сите добри работи“. Повеќето од песните на албумот немале длабоко значење за Лавињ, велејќи „Не се работи за некои лични работи низ кои поминувам. Тоа се само песни.“ Продуциран е од Dr. Luke, Бач Валкер, Лавињ и нејзиниот маж Дерик Вабли. Тревис Баркер од blink-182 и +44, снимал тапани за албумот исто како Џош Фриз откако Лавињ и нејзината забава не можеле да го привлечат Дејв Грохл.
Како и претходните албуми на Лавињ, The Best Damn Thing не е лесно дефиниран во неколку музички жанрови. The Best Damn Thing бил опишан како тин поп, поп, поп рок, пауерпоп, алтернативен рок, поп панк, панк, и рок.
Промоција thumb|left|Лавињ на прес конференција во Хонгконг, го промовира The Best Damn Thing во 2007 година
Првиот сингл, „Girlfriend“, требало да биде издаден на 29 јануари, но датумот бил променет поради тогашната популарност на „Keep Holding On“ на радио. Синглот бил премиерно прикажан на радио станицата HOT 89.9 во Отава на 6 февруари, а видеото се појавило на 26 февруари. Еван, нејзиниот поранешен гитарист, на неговиот MySpace блог рекол дека направил камео појава во музичкото видео за „Girlfriend“. Рефренот на „Girlfriend“ е испеан и на седум други јазици освен англиски вклучувајќи ги и шпански, португалски, мандарински, јапонски, италијански, германски и француски јазик.
Песната „Keep Holding On“ исто така се наоѓа на саундтракот на филмот Ерагон.
Лавињ имала мала турнеја за да го промовира The Best Damn Thing. Само членови на најзиниот обожавателски клуб можеле да присуствуваат на тие настапи. Таа ја започна турнејата во Калгари, Алберта и настапувала пред публика од околу 200 луѓе. Шоуто во Калгари било прикажано на телевизија на 2 април 2007, на CBC Network. На шоуто можеле да се видат снимки зад сцената, а и Лавињ која ги изведува песните од The Best Damn Thing, како и други шоуа во Лос Анџелес, Париз и Мадрид. Таа исто така потпишувала афтограми во Њујорк Сити и Холивуд откако бил издаден албумот.
На 18 февруари 2007, клипови од „Everything Back But You“, „I Can Do Better“ и „When You're Gone“ биле издадени на AOL Music. Песната „Alone“ (B-страна на „Girlfriend“) можела да се спушти на iTunes Store во Нов Зеланд и Австралија на 29 март. Џелосниот албум за првпат бил прикажан на радио станицата HOT 89.9 во Отава во 6:00 часот на 14 април 2007.
Неколку дена пред издавањето на The Best Damn Thing Лавињ била на промоција околу Северна Америка и имала настапи во живо на Saturday Night Live, Late Show with David Letterman, The Ellen DeGeneres Show, TRL, The Tonight Show with Jay Leno, и Live with Regis and Kelly.
На 11 септември 2007, Лавињ се појавила на финалето на Канадски Идол во 2007 и ги изведувала песните „Hot“ и „When You're Gone“. На шоуто Лавињ дала изјави за нејзината турнеја за поддршка на албумот.
Аврил Лавињ исто така го имала нејзиното деби ширум светот на модното мрежно место Stardoll за да го промовира The Best Damn Thing. Таму, таа направила своја „хартиена кукла“ и одговарала 10 минути на прашањата на нејзините обожаватели.
Турнеи За време на целата 2007 година, Лавињ го промовирала нејзиниот албум со Промоционална Турнеја изведувајќи ТВ концерти за CBC и MTV во Канада и Париз. Таа исто така имала 3 целосни концерти во Мексико и места како Рим, Хонгконг, Русија и настапувала во Кина за првпат во нејзината кариера со рекорден концерт во Шангај. Во Европа таа настапувала на различни летни фестивали. Во Азија била дел од Summer Sonic фестивалот во Осака, Јапонија и кон крајот на годината формирала свој дел во Божиќната Турнеја.
thumb|left|Лавињ на концерт во Пекинг, 2008
Аврил Лавињ ја започнала The Best Damn Tour, која траела од 5 март 2008 до 6 октомври 2008 со 110 изведби за да го промовира нејзиниот албум The Best Damn Thing. За време на турнејата таа имала изведби во Северна Америка од март до мај, потоа од мај до јули во Европа, враќајќи се во САД и Канада во периодот јули-августи, а на крај била во Азија од август до октомври.
Прегрупа за првата етапа во Северна Америка била Boys Like Girls. Европската етапа била отворена од Браќата Џонас. Другите отворачки акти ги имале Double Faced Eels и The Midway State. Песните кои биле изведувани биле од новиот албум, но исто така биле изведувани и песни од старите албуми Let Go и Under My Skin. ДВД со снимања во живо на турнејата било издадено на 9 септември 2008 и било наречено The Best Damn Tour - Live in Toronto.
Турнејата поттикнала контроверзии кога требало да биде одржана во Малезија бидејќи Лавињ била 'многу секси'. Сепак, владата на крај ѝ дала дозвола да изведува на 29 август 2008.
Поради „акутен ларингит“ Лавињ го откажала последните 8 концерти во Северна Америка. Таа, исто така, го откажала својот концерт во Барселона, Шпанија на денот на концертот бидејќи имало штрајк на камионџии.
Синглови „Girlfriend“, првиот сингл продуциран од Dr. Luke беше глобален успех искачувајќи се на 1 место на Билборд Хот 100 во САД. Синглот исто така се искачил на првото место во уште 12 други земји вклучувајќи ги и Австралија, Канада и Јапонија. Синглот беше најпродаваната песна ширум светот од 2007, а музичкото видео за песната станало најгледано видео на Јутуб на сите времиња до јули 2008 година. Исто така излегол и ремикс на песната со Лил Мама.
„When You're Gone“, бил вториот сингл издаден на 19 јуни 2007. До летото 2007 (додека „Girlfriend“ сè уште била силна на топ места табелите) пауер баладата станала уште еден хит во Обединетото Кралство и на други места. Се искачила на 4 место на Европската Хот 100 табела и била блиску да се искачи во топ 20 на Билборд Хот 100 во САД, а исто така се искачила и во топ 20 во преку тринаесет замји. Од песната излегла и акустична верзија која се наоѓала на делукс изданието на The Best Damn Thing и била овозможена само на iTunes Store.
„Hot“, бил третиот сингл од албумот издаден во октомври 2007 година. Песната била напишана од Лавињ и Еван Тобенфајлд. Текстот ги опишувал чувствата на Лавињ за некој кој "Ја правел да се чувствува секси", а музичкото видео за песната е исто така нејзиното најсекси видео до денеска. Песната била најмалку успешна во САД, искачувајќи се на 95 место на Билборд Хот 100, топ 10 во Јапонија и Канада и топ 20 во Австралија. Има јапонска верзија на песната во која текстот на рефренот е заменет на мандарински јазик.
“The Best Damn Thing“, бил четвртиот сингл од албумот издаден на 13 јуни 2008 и продуциран од Бач Валкер.
„Innocence“ исто така бил издаден како радио сингл во Италија и се искачил на табелата во Канада.
Оценки од критичарите
Коментарите на критичарите за The Best Damn Thing биле позитивни. На Metacritic, каде може да се гласа до 100 бода од мејнстрим критичарите, албумот добил просечни 66 бода, засновани на 19 прегледи. The New York Times го опишал албумот како „секој збор и секоја нота на третиот албум на Аврил Лавињ е претставен како да води кон извичник.“ Allmusic му дал на албумот оценка од 4.5/5 и кажал, „Произведува саундтрак за тинејџери и виновно задоволство за сите други.“ PopMatters коментирал, „Па еве ја Аврил, сè уште непомирена, мавтајќи со знамето од гума за жвакање“. За разлика од тоа, Jam! рекол, „Песните сè со цел да бидат за еднократна употреба“. The Guardian го нарекол „триумфално враќање“. Сепак, албумот исто така не им се допаднал на некои од обожавателите, кои почувствувале дека албумот го напуштил нејзиниот оригинален звук и бил многу брз.
Плагијатни обвинувања На 25 мај 2007, текстописците Џејмс Гангвер и Томи Дунбар ги тужеле Лавињ, нејзиниот помошник текстописец, Луказ Готвал, Almo Music, и RCA Records, тврдејќи дека „Girlfriend“ содржи текст плгиран од нивната песна „I Wanna Be Your Boyfriend“,оригинално изведена од The Rubinoos и издадена преку Beserkley Records во 1978. Во јануари 2008, тужбата била целосно решена и Лавињ и Лук биле целосно ослободени.
Во јуни 2007, канадската пејачка-текстописец Чантал Кревиазук, со која Лавињ го напишала поголемиот дел од албумот Under My Skin, зборувала со магазинот Performing Songwriter за можноста на Лавињ да пишува и за нејзината етика. Кревиазук кажала дека песната „Contagious“ била заснована на песна што таа ѝ ја испратила на Лавињ во 2005. На 6 јули 2007, Лавињ ги негирала обвиненијата во отворено писмо на нејизното мрежно место. Таа исто така кажала дека ќе преземе легални акции против Кревиазук за нејзините обвиненија, а веднаш по тоа Кревиазук се извинила јавно и ги повлекла своите изјави, велејќи „Аврил е добар текстописец и беше моја привилегија да работам со неа“.
Искачување на табелите The Best Damn Thing продал 19,000 копии за неколку часа во Обединетото Кралство,а потоа продал 60,000 копии во првата недела. Станал третиот албум на Лавињ кој се искачил на првото место на Табелата за Албуми во Обединетото Кралство. Албумот се искачил и на првото место на Билборд 200 во САД со околу 289,000 продадени копии (претходниот албум, Under My Skin, продал 381,000 копии во првата недела). Ова е третиот број-еден албум на Лавињ по Under My Skin. The Best Damn Thing останал на првото место за време на втората недела, продавајќи околу 121,000 копии.
Во Канада, албумот се искачил на првото место со 68,000 продадени копии, малку повеќе од претходниот албум на Лавињ, Under My Skin. Во втората недела имало пад на продажбите до 62% со околу 26,000 копии. Албумот има продадено повеќе од 320,000 копии во Канада. Во Австалија, The Best Damn Thing се искачил на второто место на ARIA Албум Табелата со повеќе од 35,000 копии, со што добил Злато од ARIA, а и бил првиот албум на Лавињ кој таму се искачил на првото место, па со тоа до денеска добил дупла платинска сртификација.
Во Јапонија, се искачил на второто место. Во втората недела од неговото издавање, по изведбата на Лавињ на Music Station, се искачил на прво место, со продадени 120,000копии. Тоа го направило нејзиниот втор број-еден албум во Јапонија. За време на неговиот табеларен рок, продал 900,000 копии и станал третиот најдобро продаван албум на годината, како и единствениот не-домашен албум во топ 25. Во Шпанија, The Best Damn Thing се искачил на деветтото место, пониско од Under My Skin, кој се искачил на првото место. Албумот се искачил во преку дваесет земји и продал 784,000 копии во првата недела ширум светот.
Список на песни Пишувачки и продуцирачки кредити од албум нотите на The Best Damn Thing'''.(2007) Album notes for The Best Damn Thing by Avril Lavigne [Booklet]. RCA Records.
* Дополнителни продуценти
iTunes Делукс Издание <li value=13>„When You're Gone“ (акустична верзија) 3:58