Десантот на Дрвар или операција „Коњски скок“ () — операција кај градот Дрвар, БиХ која е изведена утрото (во 5:30 часот) на 25 мај 1944 година, чија цел била да се зароби Јосип Броз Тито. Најпрвин, Германците започнале со бомбардирање, а потоа и со падобрански десант. По спуштањето на падобранците, 20 илјади Германци започнале со напад. Секој Германец имал фотографија од Јосип Броз Тито. За време на нападот, Јосип Броз Тито се наоѓал во пештера во Дрвар, а поради тоа што станувал рано бил буден за време на бомбардирањето. Германците постојано се засилувале, оделе по куќи, прашувале каде се наоѓа Тито. Сите знаеле каде е Тито, но никој не кажувал. Бил даван и отпор од страна на НОВ и населението на Дрвар поради што Германците претрпеле пораз.
Поврзано
Категорија:Седум антипартизански офанзиви Категорија:Југославија во Втората светска војна Категорија:Јосип Броз Тито Категорија:Воени операции на Германија во Втората светска војна Категорија:Битки на Независна држава Хрватска Категорија:Специјални сили на Германија во Втората светска војна