Знамето на Зимбабве е официјално знаме на оваа африканска држава, усвоено на 18 април 1980 година. Знамето е составено од седум хоризонтални ленти во зелена, жолта, црвена и црна боја. На прицврстениот дел има бел триаголник со црна граница, а во него има голема црвена петокрака и птица зимбабве во златна боја над неа. Птицата зимбабве е статуетка на птица која може да се најде на рушевините на Големо Зимбабве и таа ја симболизира историјата на нацијата, додека петокраката ја симболизира револуционерната борба за ослободување и мир.
Елементи Официјално, боите симболизираат: зелена - земјоделието и руралните предели на Зимбабве, жолта - минералните богатства, црвена - крвта пролеана за време на војните, црна - наследството и етничката припадност на Африканците, бел триаголник - мир, птица зимбабве - национален симбол, црвена ѕвезда - надеж за подобра иднина.
Поврзано Зимбабве Грб на Зимбабве Знаме на Родезија
Категорија:Национални симболи на Зимбабве Зимбабве