Кале — археолошко наоѓалиште во тетовското село Ларце. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа североисточно од селото, каде што покрај патот за селото Седларево има висок рид со зарамнето плато на кое се зачувани остатоци од населба, и тоа фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Брезница — населба од доцноантичко време; Црква — црква од доцен среден век.
Наводи
Категорија:Ларце