За други значења видете Дубрава (појаснување)

Дубрава — археолошко наоѓалиште во тетовското село Голема Речица. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа веднаш под железничката пруга, во приватна нива, каде се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси и тегули, а најдена е и камена писцинаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Голема Речица

Наводи

Категорија:Голема Речица